05 Декември, 2025
0.0330

„Стопанска банка“ Скопје со профит од 13,3 милиони евра за половина година!

Објавено во: Финансии 23 Август, 2014 10:41

Добивај вести на Viber

Просечниот дневен нето приход од камата на оваа банка е 137.250 евра! „Стопанска банка“ Скопје има профит од 819,6 милиони денари (13,3 милиони евра) на половина од годинава, покажуваат податоците од билансот на успех на таа банка. Најголемата банка ја зголемила речиси двојно добивката што ја имаше на крајот на минатата година. Добивката за полугодието достигна 83 отсто од износот на добивката на оваа банка за цела 2013 година. За првото полугодие чистата добивка по акција изнесува 47 денари, што е потенцијален принос од 20 отсто во споредба со последната цена на обичната акција истргувана на берзата (податоци до четвртокот, вчера имаше нов раст на цената на акцијата за 10 %). Кај приоритетната акција на „Стопанска банка“ Скопје тој сооднос е уште попримамлив со оглед на тоа што соодносот на вредност е 2 наспрема 1 во корист на приоритетната акција. И приносот би бил 94 денари за акција односно 35 отсто од последната пазарна цена на приоритетната акција. Податоците покажуваат дека банката бележи извонредни резултати од работењето. Има силен раст на нето приходите од камати кои изнесуваа 1,52 милијарди денари (24,7 милиони евра) и тоа е повисоко за 143,7 милиони денари во споредба со лани. Овој резултат е остварен при речиси исто ниво на приходи од камати како и минатата година. Знајачно зголемување оваа банка има и кај нето приходите од провизии и надоместоци и тоа изнесува 43,5 милиони денари, а нивото на тие приходи годинава е 478,8 милиони денари. Солиден резултат банката годинава има и кај ставката за резервации за кредити кои се сомнителни и тешко наплатливи. За таа намена за првите шест месеци се резервирани 309,4 милиони денари, а лани за истиот период биле резервирани безмалку 200 милиони денари повеќе. Значајни рестрикции банката оствари и кај останатите расходи од дејноста каде трошоците се скратени за 37 милиони денари. Уште дваесетина милиони денари се заштедени кај ставката амортизација во споредба со лани кога тој трошок бил 74,9 милиони денари. Банката има офанзивна деловна политика ако се гледа од аспект на кредитирањето. За првата половина годинава пласманите се 50,22 милијарди денари и се зголемени за 2,15 милијарди денари во споредба со лани. Истовремено оваа банка го намалила влогот во хартии од вредност за 620 милиони денари (10 милиони евра) во споредба со истиот период лани и сега во тие пласмани има 11,35 милијарди денари. Значаен успех банката има и кај депозитите на коминтентите со исклучок на банките. Депозитната база на банката е зголемена 1,5 милијарди денари ( 24,3 милиони евра) во споредба со истиот период лани и сега изнесува 64,7 милијарди денари што е највисока депозитна база во споредба со другите две големи банки на македонскиот пазар на капитал. Потенцијалните обврски на банката во споредба со лани се намалени за 800 милиони денари и изнесуваат 11,5 милијарди денари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката