05 Декември, 2025
0.1401

Стопанска банка Скопје за пола година направи 26,8 милиони евра нето приход од камати!

Објавено во: Финансии 30 Јули, 2015 08:05

Добивај вести на Viber

Добивката на банката за првата половина од годинава е 17,8 милиони евра и тоа се најдобри полугодишни резултати од постоењето на банката досега Нето приходите од камати на „Стопанска банка Скопје“ во првата половина од годинава пораснале за 142 милиони денари во споредба со истиот период лани и изнесуваат 1,66 милијарди денари ( 26,84 милиони евра). Ова е убедливо најголема и најважна приходна ставка во деловното работење на една од двете најголеми македонски деловни банки. Од тој износ дури 1,1 милијарди денари (17,8 милиони евра) се добивка за првата половина од годината. Во споредба со истиот период лани добивката од работењето на банката е зголемена за неверојатни 35 отсто! Јакнењето на позитивните пазарни резултати, јакнењето на пазарната позиција, зголемувањето на кредитните пласмани во континуитет се аргументи кои ќе ги засилат шпекулациите во инвеститорската заедница дека грчката банкарска групација НБГ се подготвува за продажба на својата македонска инвестиција. Билансот на успех покажува дека освен од камати, банката успеала да оствари и солиден нето приход од провизии и надоместоци и тоа во износ од 469,9 милиони денари што е речиси идентично со ланското остварување. На расходната страна банката бележи намален износ за резервации на своите пласмани. Тие изнесуваат 251,9 милиони денари, а кредитирањето во првите шест месеци годинава во однос на истиот период лани пораснало за 1,71 милијарда денари до износ од 53,11 милијарди денари. Наспроти растот на кредитирањето се намалува износот за резервации за 57 милиони денари односно за 18,4 отсто. Вложувањата во хартии од вредност се речиси без промена во однос на истиот период лани. Нивното ниов е 11,83 милијарди денари и тие се за 70 милиони денари поголеми од истиот период лани. Втора по големина расходна ставка, по останатите расходи, се трошоците за вработени. Износот за првата половина од годинава е 387,3 милиони денари односно „Стопанска банка Скопје“ за своите вработени одвоила 24,5 милиони денари повеќе од тоа што било платено лани. Паричните средства и еквивалентите за првата половина годинава се пониски за 1,96 милијарди денари од лани и изнесуваат 16,49 милијарди денари. Тенденција на пад е забележлива и кај депозитите на клиенти и тоа во износ од 858 милиони денари во однос на истиот период лани. Така за првата половина од годинава на крајот на јуни состојбата со депозитити на граѓани, компании, здруженија и други правни лица изнесува 65,05 милијарди денари. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката