Добивај вести на Viber
По повод 91 година од основањето, Стопанската комора на Македонија денеска ќе ги им додели признанија на компаниите и менаџерите кои во кризниот период, од 2008 година до денес, беа храбри да инвестираат во нови производни погони, како и на компаниите и менаџерите кои гледајќи го својот прогрес во регионалното проширување, отворија производни погони во странство.
Како што информираат од СКМ, Стопанската комора е водечка бизнис-асоцијација. Функционира од 1922 година, членка е на бројни меѓународни организации и институции и соосновач на мешовити комори и деловни совети. Има околу 15.000 членки од кои најголемиот број се мали и средни претпријатија.
Членките на Стопанската комора имаат доминантно учество во формирањето на сите макроекономски индикатори на ниво на државата, БДП, измирување на обврските кон државата, вработување, надворешно-трговска размена...
Комората со својата активност даде огромен продонес за развојот на македонското стопанство, а пред се, за стручното оспособување на кадрите, подобрување на квалитетот на производството, развојот и афирмацијата на стопанските потенцијали преку пропаганда, промотивна и претставничка функција на одредени специјализирани организации чиј основач беше.