15 Јануари, 2025
0.0279

Стопанската комора отвори регионална канцеларија во Кавадарци

Објавено во: Економија 13 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Стопанската комора на Македонија (СКМ) основаше регионална комора за Вардарскиот плански регион, во кој влегуваат општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија. “Овој регион зафаќа 16,2% од територијата на Македонија и е пример кон кој треба да тежнее целата држава бидејќи 53% од БДП го создава во индустриската дејност. Овој регион 24% од производството извезува, а има увоз само 6% до 8%“ порача претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески на денешната конститутивна седница на Регионалната комора со седиште во Кавадарци. Ова е 16-та регионална комора што функционира во рамките на Стопанската комора на Македонија. „Стопанската комора на Македонија нема да ги изневери вашите очекувања“, им порача Азески на присутните на конститутивната седница. Годинава Комората има нова определба - отворање можност за извоз на нови пазари покрај европскиот на кој се остварува дури 62% од македонскиот извоз. Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов истакна дека отворањето на Регионалната комора во Кавадарци била нескриена желба многу одамна за, како што рече, сами да си помогнат. „Со отворањето на Комората како регион ќе можеме на многу подиректен начин да учествуваме во креирањето на стопанската политика. Сметам дека оваа Канцеларија ќе биде пример и за другите за децентрализација на коморското здружување“, рече Панов. На конститутивната седница едногласно за претседател на Управниот одбор на Регионалната комора во Кавадарци беше избран бизнисменот Митко Јанчев од „Кожувчанка“ - Кавадарци, а за потпретседатели Никола Наумов од „Градба проект“ и Славчо Јорданов од „ТИМ“ - Неготино. Во Регионалната комора, како што беше посочено, стопанствениците од Кавадарци ќе можат да ги добијат сите неопходни документи за извозно-увозно работење. На денешната конститутивна седница на присутните им беше презентиран и Предлогот за донесување закон за поттикнување на инвестициите со кој Комората ќе и предложи на Владата да има стимулација за поттикнување на развојот на теритоирјата на целата држава преку даночни олеснувања и помош на фирмите кај кои е неопходно усовршување на вработените. Овој закон заедно со законот за гарантен фонд и законот за наплата на побарувањата до јуни годинава Комората ќе ги достави до Владата.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања