Македонија сѐ поскапо ќе ги плаќа задолжувањата!
Објавено во: Финансии 25 Ноември, 2013 08:47
Експертите сметаат дека без гаранција од СБ, каматата на кредитот што би го зела земјава од странска банка сигурно ќе биде за некој процентен поен повисока од ланската стапка од 3,8 проценти
Доколку не успее да обезбеди гаранција од Светска банка како што направи минатата година, каматната стапка по која Владата ќе може да се задолжи на странскиот пазар ќе се движи минимум меѓу 5 и 6 проценти, сметаат познавачите на состојбите.
Буџетот за 2014 наголемо се дебатира на собраниската Комисија за финансирање и буџет, но и натаму јавноста нема прецизен одговор на прашањето, од каде и по која цена Владата ќе обезбеди пари за покривање на буџетскиот дефицит за идната година, од безмалку 300 милиони евра. Мината година ова време веќе беше договорен заемот на Македонија кај германската Дојче банк, откако претходно за него гаранција издаде Светска банка. Гаранцијата, пак, беше главна причина што овој заем земјава го доби со релативно поволна каматна стапка, од околу 3,8 отсто. Но сега, иако е веќе крајот на ноември, од „светските банкари“ не може да се добие конкретен одговор дали тие повторно планираат да гарантираат за евентуален кредит што Македонија би го побарала од некоја од странските комерцијални банки.
Доколку ваквата нивна „помош“ изостане, експертите сметаат дека заемот што би го зела земјава сигурно ќе има камата повисока за еден до два процентни поени во споредба со стапката што се постигна со Дојче банк. Или, ако лани каматата беше 3,8 отсто, сега таа не би била пониска од 4,8 до 5,8 проценти. Доколку, пак, се оди на емитување на еврообврзница, цената на парите би била уште повисока.
Деновиве од соседството вниманието го привлече информацијата дека Србија издала обврзници на меѓународниот финансиски пазар, во вредност од една милијарда американски долари, со каматна стапка од 5,875 отсто и рок на достасување од пет години. Приносот што бил остварен од износот на таа аукција изнесува 6,125 отсто, а еврообврзницата Србија 2018. привлекла внимание на повеќе од 140 глобални инвеститори, јавија агенциите.
Како би поминала Македонија кога би излегла на странските пазари да бара кредити. Во предложениот буџет за 2014 е наведено дека Владата повеќе ќе оди на домашни задолжувања, односно 162 милиони евра ќе обезбеди од домашниот пазар, а странските задолжувања се испланирани на 86 милиони евра.
Петар Гошев, поранешен министер за финансии и гувернер, за „Фактор“ вели дека за в година на земјава за финансирање и се потребни минимум половина милијарда евра, и тоа околу 170 до 180 милиони евра за отплата на ануитети кон странство, потоа за отплата кон домашните доверители, и околу 300 милиони евра колку што изнесува буџетскиот дефицит. „За таа сума треба да се најде финансирање. За еден дел државата има депозити, кои се чуваат во централната банка. Но, другиот дел Владата ќе мора да го позајми“, објаснува Гошев.
Според него, ако со буџетот 2014 е планирано 86 милиони евра да се обезбедат на странскиот пазар, постојат две опции. „Овие средства можат да ги позајмат од странски комерцијални банки, но доколку нема гаранција, каматата ќе биде поинаква од онаа што лани се постигна. Всушност, таа сигурно би била повисока за некој процентен поен“, вели овој аналитичар. Тој не сака да прејудицира дали СБ ќе даде гаранција, но укажува дека односот на меѓународните финансиски институции кон политиките на задолжување на земјава сега е многу променет, што се гледа и од фактот што од секаде стигнуваат оценки дека ни е потребна консолидација на јавните финансии.
„А, доколку се издаде еврообврзница, мислам дека таа би имала уште повисока каматна стапка од заем што би бил директно договорен со некоја странска банка. Но, тоа ќе се знае само ако се излезе на меѓународниот пазар. Во секој случај, ќе има тенденција на поскапување на нашите задолжувања во странство, со оглед што и Меѓународниот монетарен фонд, и Европската комисија и другите странски партнери веќе ги воочија слабостите во јавните финансии на Македонија. Тие неслучајно лани и сугерираа на Владата повеќе да се насочи кон домашно кредитирање“, нагласува Гошев.
Според универзитетскиот професор Марјан Петрески, финансирањето од странски извори може да биде предизвик поради се уште затегнатите услови на комерцијалните пазари. „Тоа може да не чини скапо (висока каматна стапка) ако новите задолжувања не се дадени или гарантирани од некоја од меѓународните финансиски институции“, изјави за медиумите овој експерт. Но, она што него лично повеќе го загрижува, не е цената на задолжувањето, туку неговата намена.
„Се уште ми преовладува впечатокот дека, барем за дел од новите задолжувања, ние како граѓани не знаеме за што се трошат позајмените средства, и особено дали се трошат за продуктивни намени“, вели Петрески.
Додека, пак, задолжувањата дома го имаат ефектот на истиснување на инвестициите, бидејќи слободните банкарски пари, наместо да одат за кредитирање на компаниите, завршуваат кај државата, едногласни се експертите.
Министерот за финансии Зоран Ставрески, неодамна изјави дека земјава се уште нема итна потреба од пари, бидејќи биле обезбедени најголем дел од потребните средства за оваа и за следната година.
Н.Б.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





