Странските работници ја обезвреднија цената на работната сила во Хрватска
Објавено во: Балкан 10 Јули, 2013
Приклучувањето на Хрватска кон ЕУ, создаде можност странците слободно дa работат во оваа земја, што пак предизвикува намалување на цената на работната сила.
Некои работодавци во регионот Кварнер, најавија дека тие нема да ги зголемат платите бидејќи можат да најдат доволно работна сила на пазарот на трудот. Големата понуда на работници очекувано, ја спушти нивната цена.
Во овој период платите во туризмот се пониски за 15 отсто од државниот просек. Помали се дури и од платите во транспортот каде што просекот е понизок за 12 отсто од државниот просек.
Од друга страна, истражувањата покажуваат дека највисоките плати се оние во ИКТ секторот и енергетскиот сектор, со 27 или 20 отсто над просекот. Ова е уште еден показател на хрватскиот туризам, каде работниците се уште се слабо платени.
Не е тајна дека добар готвач заработува од 12 до 15.000 куни. Сепак просечната плата е сé уште под просекот.
Од друга страна, пак, платата на работниците кои се под посебни договори за управување, е околу 4.000 куни заедно со сите додатоци како екстра за празници, неделите, работа во смени, прекувремена работа.
Од хрватскиот синдикат најавија дека преговараат за зголемување на платите од 2 до 3 проценти, иако врз основа на двете одлични туристички години зад нив, сметаат дека зголемувањето треба да биде и поголемо.
На собранието на хрватскиот Национален туристички одбор (ХТЗ) сите беа изненадени дури и се смееја на предлог на член на Собранието кој побара повисоки квоти за работа на тајландски масери. За оваа година, Владата ја намали квотата за странци.
Хрватското членство во Европската унија ќе донесе значително подобрување за туристичките работници, но се проценува дека платата може да биде пониска.