15 Декември, 2025
0.0335

„СТРАНСКИТЕ СОПСТВЕНИЦИ СО ЧЕТИРИ ПАТИ ПОГОЛЕМА ПРОДУКТИВНОСТ“: истражување на ОРМ покажа намалена продуктивност кај македонските компании

Објавено во: Македонија 28 Мај, 2025 13:56

Добивај вести на Viber

Загрижувачки тренд на намалување на вкупната продуктивност на македонските компании е утврдено со истражувањето спроведено меѓу домашните фирми. 

Резултатите од него беа презентирани денеска во рамки на националната конференција „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност“, организирана по повод 20-годишнината на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ). 

Според истражувањето, кое за ОРМ го спроведе Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“, фирмите во земјава стануваат се помалку ефикасни во користењето на основните фактори на производство - трудот и капиталот.

Меѓу другото, утврдено е дека компаниите со странски сопственици имаат дури четири пати повисока продуктивност од домашните, додека извозно ориентираните се значително попродуктивни од оние што работат исклучиво на домашниот пазар. 

Ограничениот пристап до финансии, слабите институции и корупцијата се главните пречки за растот на продуктивноста и развојот на македонските фирми. Овие фактори ја нарушуваат конкуренцијата и создаваат долгорочна непредвидливост која ги обесхрабрува инвестициите и иновациите, кои пак, заедно со добрите менаџерски практики и вештините, имаат суштинско значење за долгорочна конкурентност на домашните компании, се дел од клучните наоди.

- Продуктивноста е темелот на секоја успешна компанија и движечка сила за одржлив економски развој на целата земја. За да ја зголемиме, потребно е да почнеме да делуваме веднаш, преку добро обмислени и решителни реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата, ќе значат елиминирање на системската корупција, ќе го подобрат пристапот на фирмите до финансии и ќе ги поттикнат инвестициите и иновациите во модернизација на домашната економија - рече претседателката на ОРМ, Владанка Трајкоска.

Јубилејот и конференцијата на ОРМ ги поздрави и заменик - министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

ОРМ на конференцијата презентираше и сет препораки за раст на продуктивноста и деловната ефикасност, како: обезбедување поголема финансиска поддршка за мали и нови компании преку поволни кредити, субвенции, даночни олеснувања за инвестиции во иновации и нови технологии. 

Потоа зајакнување на борбата против корупцијата преку зголемена транспарентност на институциите, независно и ефикасно судство, како и реформа на регулативата заради намалување на административниот товар и зголемување на предвидливоста на пазарните услови, ефикасна борба против нелојалната конкуренција и сивата економија преку дигитализација на услугите во јавниот сектор, засилен и координиран инспекциски надзор и ревизија на државната помош и подобрување на инфраструктурата, особено дигиталната и енергетската, како клучен предуслов за технолошка модернизација.

- ОРМ, како единствена репрезентативна организација на работодавачите во рамки на социјалниот дијалог со Владата и синдикатите, останува посветена на тоа да биде гласот на бизнисот. Ќе продолжиме да креираме решенија во соработка со институциите, синдикатите, експертите и граѓанското општество, со цел да го поттикнеме економскиот раст, да создадеме нови перспективи за младите и да обезбедиме социјална сигурност за сите - најави Трајкоска.

Во рамки на конференцијата се одржа и панел-дискусија на која своите размислувања, ставови и предлози за тоа како продуктивноста да стане приоритет на економските политики во државата ги изнесоа претседателот на Собранието на ОРМ Ангел Димитров, професорката на Економскиот факултет при УКИМ Даниела Бојаџиева, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков.

Истражувањето и националната конференција со која се одбележа 20-годишнината на ОРМ беа поддржани од Меѓународната организација на трудот, преку проектот Платформа за вработување и социјални прашања – ЕСАП 3, финансиран од Европската Унија. 

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти