29 Март, 2024
0.0298

Страшното сведоштво на Аљими: Се плашев Села да не ми умре на раце

Објавено во: Македонија 16 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Абдулфетах Aљими, вработен во собраниското обезбедување кој успеа на 27-ми април да го спаси пратеникот Зијадин Села од разгневената толпа во Собрание, денеска во судницата раскажа што се случувало, пишува Фокус.

-Вработена ме викна да одам во Клуб на пратеници зошто како што ја разбрав Села е мртов, а потоа ми кажа дека ни рекла дека бил многу повреден. Со трчање отидов и мислев дека Села е мртов, беше целиот во крв. Тогаш еден од толпата во бела маица го удри Села со нога но не можам да го препознаам – рече сведокот.

Сведокот им рекол на насилниците да го остават Села зошто е мртов, па заедно со вработената во Собранието и иште еден човек го однеле во бифето каде му дале права помош.

-Насилниците сакаа и таму да влезат и викаа кој е таму, а човекот што беше со нас, мислам беше поранешен пратеник, рече тука има повреден полицаец. Тогаш одлучивме да го преместиме Села на побезбедно место – рече сведокот.

Тој појасни дека одлучил да го земе Села и преку помошните скали да го однесат во канцелариите на погорниот кат.

-Не можев сам да го носам па дојде момчето што се претстави како Тони и ми помогна. Села едвај одеше и не беше баш присебен, но прашуваше кај ме носите? Јас му одговорив во сигурни раце си! – рече сведокот.

Кога се качивме нагоре, од гаражата некој извика – не е завршена работата со Села.

-Помислив дека тешко ќе излеземе живи, но останав со Села. Тогаш најдовме отворена канцеларија и влеговме. Го ставивме пратеникот под бирото и баравме начин како да избегаме ако насилниците се качат. Го отворивме прозорецот но не беше сигурно да излеземе на тераса. Села имаше многу болки, мислев дека ќе умре. Ме праша кој сум, му реков дека сум од обезбедувањето. Тогаш Села ми рече „во твои раце сум“. Му реков тука сум до смрт, па тој како да живна малку – појасни сведокот.

Тој додаде дека се плашел Села да не му умре во раце, па постојано му зборувал.

Абдулфетах се присети дека набрзо дошла лекарска помош. По нив дошле и неколку полицајци. Со носилка го симнал Села кон приземјето, но кога се доближиле до излезот се вратиле бидејки имало толпа луге.

Го вратиле Села во клуб на пратеници, му ставиле полициска легитимација и го изнеле кон гаражата за да го транспортираат со блендирано возило.

-Додека го носевме викавме повреден полицаец- рече сведокот кој додаде дека со Села бил и во болница.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење