27 Ноември, 2024
0.0350

СТРАВ И ПАНИКА ВО ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА УНИЈАТА! СЕ ВРАЌААТ ГРАНИЧНИТЕ КОНТРОЛИ: Сериозна закана за внатрешната безбедност

Објавено во: Свет 25 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Европската унија се соочува со пораст на легални и илегални пристигнувања на мигранти, поради што некои земји-членки привремено повторно воведоа гранични контроли во она што инаку е зона на слободно движење.

Шенгенските правила на блокот дозволуваат такво дејство „како последно средство“ во случаи кои се сметаат за сериозна закана за внатрешната безбедност или јавната политика.

Еве кои се земји повторно воведоа построги проверки на своите граници:

Австрија

Во октомври Австрија воведе гранична контрола со Чешка, која ќе трае до 6 декември. Од ноември, таа ги прошири граничните контроли и со Словенија и Унгарија до мај 2024 година, наведувајќи го притисокот врз системот за азил, заканите од трговијата со оружје, криминалните мрежи поврзани со војната во Украина и шверцот со луѓе како причина за ваквата одлука.

Данска

Во август, Данска ги зајакна граничните контроли за пристигнувања, вклучително и оние од земјите од Шенген, на аеродромот во Копенхаген за да ја зајакне безбедноста по инцидентите со палењето на Куранот. Таа ги продолжи проверките на данско-германската копнена граница и на пристаништата со фериботи кон Германија до мај 2024 година, според извештајот на Комисијата на ЕУ.

Владата соопшти дека реагира на зголемувањето на нерегуларната миграција и ги наведе заканите од тероризмот и организираниот криминал, шпионажата од странски разузнавачки служби и војната во Украина.

Германија

Во септември Германија објави контрола на копнените граници со Полска, Чешка и Швајцарија, кои ќе останат во сила до 4 декември. Берлин рече дека треба да одговори на зголемената имиграција и високото ниво на шверц.

Германија, која ја има најголемата европска економија, годинава за прв пат забележа голем пораст на барањата за азил. Берлин, исто така, ја продолжи контролата на копнената граница со Австрија до мај 2024 година, велејќи дека тоа е одговор на, како што рече, притисокот врз нејзиниот систем за азил, безбедносните закани поврзани со тероризмот на Блискиот Исток и војната во Украина.

Италија

Италија од 21 октомври ја врати полициската контрола на североисточната копнена граница со Словенија, велејќи дека некои мигранти кои транзитираат на балканската рута би можеле да бидат терористи. Контролите ќе бидат на сила најмалку до 9 декември. Министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси во октомври рече дека тие најверојатно ќе бидат продолжени до следната година.

Норвешка

Норвешка, која припаѓа на Шенген-аранжманот, но не е членка на ЕУ, од 12 ноември повторно воспостави гранични контроли на своите пристаништа со фериботни врски со Шенген зоната и од странски разузнавачки служби. Овие контроли треба да траат до 5 мај 2024 година.

Полска

Полска ги продолжи привремените контроли на границата со Словачка до 3 декември, укажувајќи на напорите на мигрантите илегално да влезат оттаму. Владата беше потресена од скандалот „виза за готовина“ на почетокот на оваа година, кога опозицијата ја обвини дека е соучесник во системот во кој на луѓето им се доделуваа визи со брзо темпо без соодветни проверки откако плаќаа посредници.

Шведска, Словачка, Франција и Словенија исто така ги зајакнаа граничните контроли, пишува Ројтерс.

Фото: EPA-EFE/JUHA METSO

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?

ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Што пишува Меркел во нејзините Мемоари?

ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Што пишува Меркел во нејзините Мемоари?

ПАРИЗ И ЛОНДОН КРОЈАТ ПЛАН ЗА УКРАИНА: Можно е да испратат војници во оваа земја

ПАРИЗ И ЛОНДОН КРОЈАТ ПЛАН ЗА УКРАИНА: Можно е да испратат војници во оваа земја

ДЕЛОВНИТЕ ЛУЃЕ ДА ПОДГОТВАТ „ВОЕНО СЦЕНАРИО“ – СОВЕТ ОД НАТО АДМИРАЛ: „Армиите добиваат битки, а економиите добиваат војни“

ДЕЛОВНИТЕ ЛУЃЕ ДА ПОДГОТВАТ „ВОЕНО СЦЕНАРИО“ – СОВЕТ ОД НАТО АДМИРАЛ: „Армиите добиваат битки, а економиите добиваат војни“

„ТРАМП И ПУТИН - СУЕТНИ ДЕЦА, СЕ ОБИДОА ДА МЕ ПОНИЖАТ“: Ова се 8 клучни работи што ги научивме од мемоарите на Ангела Меркел

„ТРАМП И ПУТИН - СУЕТНИ ДЕЦА, СЕ ОБИДОА ДА МЕ ПОНИЖАТ“: Ова се 8 клучни работи што ги научивме од мемоарите на Ангела Меркел

ТРАМП ПОТВРДИ: Една од првите мерки ќе биде зголемување на царините за производите од Кина, Канада и Мексико

ТРАМП ПОТВРДИ: Една од првите мерки ќе биде зголемување на царините за производите од Кина, Канада и Мексико

„РУСИЈА ИСПРАТИ НУКЛЕАРНА ПОРАКА“: Ова може да го доведе светот до катастрофа, сеизмичка ескалација помеѓу Путин и Бајден

„РУСИЈА ИСПРАТИ НУКЛЕАРНА ПОРАКА“: Ова може да го доведе светот до катастрофа, сеизмичка ескалација помеѓу Путин и Бајден

СЕ СПРЕМА ЛИСТА НА БУНКЕРИ: Тензиите со Русија ги натера Германците да прават список за итни засолништа

СЕ СПРЕМА ЛИСТА НА БУНКЕРИ: Тензиите со Русија ги натера Германците да прават список за итни засолништа

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин