Страв од нова „непромисленост“ на Иванов
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2018 11:10
Професори, експерти и критичари на опозицијата стравуваат дека претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, би можел со „своите црвени линии“ да не го потпише Указот за ратификација на евентуалниот договор меѓу Македонија и Грција кој, како што најави и премиерот Зоран Заев, ќе се гласа со просто мнозинство од најмалку 61 пратеники.
Претседателот би можел да постапи слично како и во случајот со Указот за законот за употреба на јазиците, кој одби да го потпише откако Собранието два пати гласаше за него, велат уставните експерти.
“Иако целата ситуацијата упатува на тоа дека не би требало претседателот да не го потпише Указот за евентуалниот договор со Грција, ако за него гласале мнозинството пратеници, тој може тоа да го стори без разлика колку е издржано или оправдано” вели поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски за Радио Слободна Европа.
Критика до Иванов упати и професорот Ѓорѓи Спасов, откако Иванов истакна дека не е задоволен од тоа како течат преговорите со Грција за промена на името по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
„Секоја промена на Уставот што и обезбедува на земјата мир, економски прогрес и меѓународно почитување треба да биде заложба и на секој нормален претседател на државата. Уставот се смени и пред потпишувањето на Времената спогодба со Грција па Македонија не пропадна. Уставот се смени и по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор па ништо драматично не се промени. Сега Иванов и таквите како него, се за решение на проблемот со името ама без промена на “светиот” ни Устав.
Не. Тие не го бранат Уставот. Нивните црвени линии ги има одамна испишано Москва.
Тие овде ги бранат нејзините црвени линии кои Македонија ќе ја спречат да стане членка на НАТО и на ЕУ. Иванов сите изминати години ги бранеше политичкото насилство, криминалот и оддалечувањето на Македонија од НАТО и од ЕУ.
Би било добро од срам веќе да замолчи или да ја напушти функцијата ако сака да и помогне на Македонија“, напиша на својот фејсбук-профил проф. д-р Спасов.
Сепак, Иванов не го опструираше договорот за добрососедство со Бугарија и своерачно се потпиша.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија
Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации
ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“




