Добивај вести на Viber
Во петокот излегоа првите извештаи на големите банки во САД, но периодот го одбележува и почетокот на долгата загриженост што влијае на раст на каматите врз банкарските заеми. Сепак, нема место за загриженост, пишува „MarketWatch“. Процесот на зголемување на каматите ќе им помогне на банките на подолг рок , а нема да влијае на целата економија и врз одобрувањето заеми.
„J.P. Morgan Chase & Co“. и „Wells Fargo & Co“. пријавија добар профит за вториот квартал. Со седиште во Њујорк „J.P. Morgan“ регистрира 31% раст на нето добивката до 6,5 милијарди долари, а седиштето во Сан Франциско на „Wells Fargo“ обајави зголемување од 19% на годишно ниво до 5,5 милијарди.
Меѓутоа, особено во случајот со „JP Morgan“, добрите вести беа неутрализирани од стравувањата од зголемување на каматните стапки. Хипотекарните стапки, на пример, веќе се зголемија за близу еден процентен поен до над 4%.
Главниот извршен директор на банката Џејми Димон и главниот финансиски директор Мериен Лејк посочија дека високите камати се загрижувачки. Дајмон предвидува "драматичен пад на профитот", ако каматата се задржи или порасне.
На краток рок стравувањата се реални - повисоките камати ќе ги ограничат рефинансирањата на кредити кои поддржуваат бизниси. Тоа всушност веќе се случува - приходите од хипотекарно банкарство во кварталот се намалија за 14% на годишна основа.
На долг рок, сепак, работите се поинакви. Повисоките камати ќе ја зголемат нето каматната маргина и ќе донесат повисок поврат од сите кредитни производи. Банките треба само да доделуваат повеќе заеми, пишува „MarketWatch“.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.