Стрес тест за македонските банки – словенечко сценарио!
Објавено во: Финансии 30 Декември, 2012 08:45
Банките потфрлија на Стрес - тестот за отпорност. Последното тестирање на банкарскиот сектор спроведено во третиот квартал од годинава покажува дека банките покажале послаби резултати во однос на вториот квартал.
“Спроведените симулации за тестирање на отпорноста на банкарскиот сектор и на одделните банки во земјава, на симулирани шокови, упатуваат на малку послаби резултати во споредба со крајот на вториот квартал од 2012 та“ – пишува во најновиот извештај на НБМ за работењето на банките во третиот квартал.
Преку стрес-тестот се испитувало влијанието и последиците на кризата во словенечката економија.
“Во третиот квартал беа изведени симулации на шокови на страната на кредитниот ризик на банките со цел да се испитаат некои од можните канали за пренесување на негативните ефекти од проблемите со кои се соочува словенечката економија, врз домашниот банкарски сектор. Спроведените симулации покажуваат отпорност на банкарскиот сектор, имајќи во предвид дека стапката на адекватност на капиталот и натаму е над законскиот минимум“
Банките во третиот квартал дел од парите наместо за хартии од вредност ги пренасочија на сметки на странски банки.
“Во третиот квартал од 2012 та пласманите кај банките и другите финансиски институции остварија најголем апсолутен раст од 10,1 %.Ваквиот пораст целосно се должи на зголемените пласмани на тековните сметки кај странските банки за 8 милијарди денри. “
Токму и во третиот кавартал НБМ регистрира тренд на намалување на сопствените средства на банките.
“ По релативно подолг временски период, сопствените средства на банкарскиот систем забележаа квартално намалување од 397 милиони денари, додека на годишно ниво е регистриран пораст за 7,8%. Падот на сопствените средства е резултат на основниот но и на дополнителниот капитал на банките.
НБМ порачува дека идниот раст на сопствените средства на банкарскиот систем ќе зависи од можноста и подготвеноста на акционерите на банките за спроведување на докапитализации, но и од капацитетот на банката за интерно создавање на капитал.
А.Д.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





