Стружанец сакал да гласа два пати, кои се другите нерегуларности?
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2016 12:08
Од МОСТ на втората прес-конференција е соопштено дека се регистрирани, на повеќе гласачки места, гласачи како ги фотографираат гласачките ливчиња.
Во некои случаи интервенирала полицијата и им ги избришала фотографиите или пак нивното гласачко ливче било евидентирано како неважечко.
Во Ново Село, било забележено агитирање пред гласачко место, а во Штип, некои лица евидентирале гласачи.
На гласачко место во Струга, еден гласач сакал да гласа два пати, но не му било дозволено. На избирачко место во Неготино гласач јавно кажал за кого гласал, а во Демир Хисар, член на избирачки одбор исто така гласно коментирал за кого гласал.
Според МОСТ, одзивот до 10 часот е следниот: ИЕ 1 - 11,32%, ИЕ 2, - 9,75%, ИЕ 3 - 11,79%, ИЕ4 - 11,84%, ИЕ 5 - 9,61%, ИЕ 6 - 5,74%.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




