16 Декември, 2025
0.0359

СЦ „Борис Трајковски“ со нови пакети за спортување во утринските

Објавено во: Мои пари 12 Февруари, 2015 13:20

Добивај вести на Viber

Спортскиот Центар „Борис Трајковски”, новата година ја започнува со промоција на два пакети, кои спаѓаат во делот на утринска рекреација, а се однесуваат на спортувањето во раните утрински часови. Утринското спортување е одлично за организмот и вистински начин да се започне денот, па СЦ „Борис Трајковски” се одлучи за создавање понуда која вклучува користење на дел од содржините, во утринските  и претпладневните часови.

„Во 2015 година, првата новина од СЦ „Борис Трајковски” е воведување на пакети за утринска рекреација. Во истите, вклучено е користење на базенот или фитнес центарот, во периодот од 7:00  часот наутро до 12:00 часот. Со формирањето на овие пакети, веруваме дека ќе успееме во остварување на предизвикот – да наметнеме стандард за започнување на денот со физичка активност на што поголем број граѓани. За светот ова е позната практика, но кај нас сеуште нема култура за утринска рекреација, нешто што веруваме дека, како најголем спортски центар во Македонија, можеме да го промениме”, изјави Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски”.

Пакетите за користење на базенот или фитнес центарот, во периодот од 7:00 до 12:00 часот, имаат цена од 1000 денари. Истата се однесува на можноста, содржината да се користи во текот на секој ден од месецот.

Спортскиот Центар „Борис Трајковски” продолжува со праксата на воведување новитети, следејќи го нивниот начин на живот. Притоа, главната цел е да се поттикнат граѓаните да спортуваат и да практикуваат здрав живот.

 

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“