Студентски пакет „За чиста 10-ка“ на Халкбанк со низа бенефиции за идните академски граѓани

Објавено во: Мои пари 05 Октомври, 2022
Како банка која постојано води грижа за потребите и барањата на различните категории граѓани, Халкбанк креираше нов производ наречен „За чиста10-ка“, овојпат наменет за студенти. Станува збор за специјален пакет услуги кој на идните академски граѓани им нуди низа поволности и бенефиции. Производот е наменет за млади на возраст од 18 до 24 години, а секој студент може да аплицира онлајн или во најблиската филијала на банката. Сè што е потребно е да се поседува важечки индекс и лична карта.
Со ексклузивниот пакет „За чиста 10-ка“ секој студент добива Visa PayWave дебитна картичка со која може да повлекува готовина без надомест на сите банкомати на која било банка во земјата и во странство. Со овој пакет секој студент добива и бесплатно електронско банкарство, бесплатна мобилна апликација и бесплатно водењетрансакциска сметка. Со станување корисник на електронското банкарство на Халкбанк достапни се и услугите SmartSend - за лесно префрлање средства, со еден клик, на контакт од телефонскиот именик во мобилниот телефон, SmartCash – за повлекување готовина од АТМ на Халкбанк без употреба на картичка и HalkPay - за лесно и безбедно плаќање со мобилен телефон. Мобилната апликацијаHalkPay нуди и преглед на извршени трансакции и поддржува 4 различни јазични верзии (македонски/англиски/албански/турски).
Воедно, на сите љубители на динамичниот животен стил, на луѓето кои се постојано во движење, кои спортуваат, практикуваат прошетки во природа и истовремено поседуваат часовник Garmin, на располагање им е и совршеното модерно решение за бесконтактно плаќање GarminPay со кое се врши брзо, едноставно и лесно плаќање со паметен часовник.
Халкбанк, чие основно мото е „Важни се луѓето“ е препознатлива на пазарот како општествено одговорна компанија посветена кон зголемување на општото добро, за луѓето и природата. Поддршката на низа културни и спортски активности, едукација на децата од училишна и предучилишна возраст, подигнување на свеста и поддршката за инклузија на лицата со попреченост во секојдневниот живот се на листата на приоритети на Банката. Халкбанк е и еко ориентирана компанија која применува бројни еко политики и реализира активности во насока на поттикнување здрави животни навики и заштита на животната средина.
Политиката на банката - да одговара на потребите на клиентите, да биде предводник во дигитализацијата и воведувањето иновативни производи во духот на денешното модерно време, како и перманентната грижа за заедницата и животната средина ја прави Халкбанк вистински партнер на иднината.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Државна лотарија, во целост, во целокупното свое работење ги почитува одредбите на Законот за игрите на среќа и целокупната позитивна законска регулатива

„Помала камата, повеќе можности“: НЛБ Visa кредитните картички со промотивна 5,9 отсто фиксна камата

Се одржа најголемиот Test Drive Day на електрични возила во државата до сега под мотото ЕЛЕКТРИЧНО ТЕСТ ВОЗЕЊЕ на Volkwagen ID

Промовирани трите романи-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година

Македонскиот јазик како инспирација за современото создавање и живеење
А1 Македонија во месецот посветен на подигање на свеста за сајбер безбедност

ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Халкбанк го посветува месецот на штедење на финанскиска едукација за деца и млади
