15 Декември, 2025
0.0364

„Студиите ќе покажат каде е најдобро да биде трасата на новата пруга“: Ивановски најавува уште една паралелна пруга до постоечката

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2025 15:59

Добивај вести на Viber

Железничката станица Скопје ќе добие изглед на модерна железничка станица, архитектонско решение на спој на стариот изглед од Кензо Танге со додадени нови модерни елементи, вели директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Според директорот Ивановски, проектот се работи во соработка со Градежниот факултет и Архитектонскиот факултет, а во моментов се работи на отстранување на рекламните паноа. 

- Инфраструктура Железница заедно со Градежниот факултет и Архитектонскиот факултет започнавме со проект за поектирање за целосна реконструкција на железничката станица Скопје и внатрешно и надворешно. Ќе се реконструира комплетно со нова електрика, комунална инфраструктура, машински дел, а надворешно ќе биде запазен оној првичен изглед од Кензо Танге со имплементација на нови современи елементи. 

Овој проект треба да биде готов за година и половина до две од денеска и потоа ќе бараме финансирање за да се реализира ова. Но што до тогаш? Започнавме акција за отстранување на сите билборди што ја грдат самата станица. Дел се постоечки, дел се пред дваесетина години. 

Потоа имаме една голема акција да ги отстраниме сите графити, сите постери и да ја вратиме првичната боја на столбовите и да го запазиме првичниот изглед без овие графити постери итн - вели Ивановски. 

Ивановски исто така посочи дека планот е да има две пруги на релација Север-Југ.

Сегашната пруга ќе се користи и ќе се исправат кривини на места каде е возможно за да се забрза сообраќајот, а втората ќе се гради колку што е можно поблизу до сегашната за што веќе се работи на испитување.

- Нашиот план има две компоненти. Првата е да ја задржиме постоечката пруга но мораме да ја исправиме каде што има големи кривини. Големи брзини од преку 120 км  и преку 160 км на час не може да се постигнат без исправање на кривините.  Во моментов се вршат испитувања и тие студии ќе покажат колку од оваа траса ќе ја задржиме, каде ќе има простор кривините да се исправат. 

Втората компонета е колку што може поблиску до сегашната траса да биде изградена и втората линија. Затоа овие околу 200 км пруга би биле двоколосечен сообраќај, но нема да бидат како автопатите,  на пример еден да оди во правец на Србија, друг во правец на Грција. Во управувањето на железничкиот собраќај има друг тип на управување на возовите, но крајната наша цел е да има двоколосечна пруга за патнички сообраќај до 200 км на час и товарен до 120 км на час и секако ќе биде целосно електрифицирана. 

Токму во овој момент се прават физибилити студиите каде најдобро е да биде трасата на новата пруга, со тие исправување на старата пруга и паралелна до старата - појасни Ивановски. 

Тој во интервјуто истакнува дека вредноста на изградбата би се движела околу 1,9 милијарди евра заедно со електрификација и сигнализација, а би се изградила за околу пет години.

Фото: Принтскрин?Фејсбук


Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден