Судењето на обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок продолжува од понеделник
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2018 07:20
На обвинетите 33 лица за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување ќе продолжи да им се суди во понеделник.
Шест часа се испрашуваше на рочиштето загрозениот сведок С1 кој одговараше на вкрстените прашања на одбраната.
Претходно адвокатите на обвинетите, кои вчера беа казнети со по 1.000 евра, поради расправија со судечкиот совет, наведоа дека на денешното рочиште е создадена нејасна „статус кво“ ситуација.
- Во моментов има нејасна „статус кво“ ситуција во која нема решенија за одземање на правото да ги бранат обвинетите, нуту пак да продолжат да ги бранат, истакна адвокатот Еленко Миланов.
Во судницата беа присутни обвинетите, адвокатите на обвинетите и адвокатите по службена должност, кои вчера ги назначи Судот по напуштањето на рочиштето на одбраната на обвинетите кои се жалеа дека немаат услови за работа.
Имено, претходно денеска поради надминување на состојбите околу условите за работа, Адвокатската комора на РМ апелираше да се обезбедат потребните услови за нормално одвивање на судскиот процес, а се со цел за непречено и фер судење.
Од Комората посочија дека Група адвокати ангажирани како бранители во предметот КОК БР. 40/18 што се однесува на случувањата од 27 април минатата година во Собранието на РМ, вчера ја известиле Адвокатската комора на РМ дека на вчерашното рочиште на адвокатите не им биле овозможени елементарни услови да го следат распитот на загрозениот сведок, да можат да водат прибелешки и да поставуваат вкрстени прашања во интерес на лицата кои ги застапуваат.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




