16 Декември, 2025
0.0482

Судот донесе одлука за спојување на постапките за пожарот во Кочани и за агенцијата „Рубикон“

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2025 11:38

Добивај вести на Viber

Основниот кривичен суд Скопје на почетокот на денешното судење за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани одлучи постапката за овој предмет да се спои со постапката против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“.

Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки  денеска започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Покрај обвинетите, присутни се и родни на 63 жртви кои го загубија животот во несреќата што се случи на 16 март, претсваници на обвинителството, на одбраната, новинари.

Осум месеци по несреќата, на обвинителна клупа седнаа 38 обвинети од кои 35 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. 

Основниот Кривичен суд Скопје во октомври годинава го одобри во целост дополнителниот обвинителен акт поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, против Александар Нацев – реален сопственик и одговорно лице на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушн“ ДООЕЛ Скопје. Тој се товари за тешки дела против општата сигурност, поради сериозни пропусти во организацијата и спроведувањето на мерките за заштита во објектот. 

Според обвинението Нацев се товари за особен придонес во трагедијата, бидејќи заедно со други веќе обвинети и непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за заштита, со што предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и за имотот од големи размери.

Во критичниот период од септември 2022 до денот на пожарот, Нацев фактички раководел со агенцијата, заеднички со управителот, без да ги почитува законските обврски од Законот за приватно обезбедување. Агенцијата не презела мерки за спречување и откривање на штетни појави, не склучила писмен договор со „Клуб Пулс“, и не водела грижа, контрола и надзор врз работата на обезбедувачите.

На критичниот ден, тројца лиценцирани и еден нелиценциран вработен биле задолжени за обезбедување на објектот, без претходна безбедносна проценка, без проверка на сигурносните услови, излези и можности за евакуација. Објектот бил преполн, а не бил изготвен ниту доставен План за обезбедување за настан со поголем број посетители.

Дополнително, вработените не извршиле проверка на идентитет и возраст на посетителите, дозволувајќи влез на малолетници по полноќ. Не бил извршен ниту преглед на лица при влез, со што не бил спречен внесот на пиротехнички средства – директна причина за пожарот.

Истрагата покажала дека Нацев давал директни инструкции на обезбедувачите ангажирани критичната вечер. По трагедијата, тој основал нова агенција за обезбедување во Струмица, што обвинителството го смета за обид да ја продолжи дејноста, формално затскривајќи се зад друго одговорно лице.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“