21 Јануари, 2025
0.0469

Судот ги отфрли тужбите против „Сител“ за непристрасно известување

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Четири дена пред изборите, на 7 декември, Основниот суд Скопје 1, ги отфрлил трите тужби за прекршување на Изборниот законик, поднесени против Телевизија Сител и директорот Горан Ивановски.

Две од барањата за поведување на прекршочна постапка против ТВ Сител ги поднела Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а третото е од приватно лице. Сите три се поднесени поради непристрасно известување на Сител во корист на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Агенцијата и приватниот тужител поднеле пријави за прекршување на два члена од Изборниот законик. Членот 75-а во кој е пропишано дека радиодифузерите ќе обезбедат избалансирано покривање на изборите, во согласност со принципот на пропорционалност според бројот на потврдени листи на кандидати за пратеници.

И членот 75-б од истиот Законик, според кој известувањето за редовните активности на државните органи, во период од денот на распишувањето на изборите до нивното завршување не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект.

Образложенијата на судијката Моника Бахчовановска за отфрлање на тужбите, речиси се идентични, бидејќи како што пишува во пресудата, Телевизија Сител не сторила прекршок.

Барањето за поведување на прекршочна постапка од приватното лице се однесува на централните вести од 19 часот, во период од 25 април до 4 мај 2016 година, во кои биле емитувани прилози во кои се известува за активности на државните органи, „во функција на изборно медиумско претставување на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, па ефектот дополнително е зајакнат со емитување прилози во кои изборните мерки од сферата на земјоделието на оваа политичка партија се претставувани како де факто владини мерки“, пишува во тужбата.

Агенцијата за аудио визуелни и аудиовизуелни медиумски услуги барала поведување прекршочна постапка бидејќи обвинетите не обезбедиле изборно медиумско претставување на правичен, избалансиран и на непристрасен начин во дневно-информативните емисии во период од 12 до 21 Септември 2016 година. А, втората пријава е врз основа на надзор над изборното медиумско преставување при што е констатирано дека во Дневникот во 19 часот, емитуван на 13, 17, 18 и 21 септември 2016 година, известувањето за редовните активности на органите на власта, чија цел е да се промовираат резултатите од политики и проекти, се во функција на изборно медиумско претставување на ВМРО-ДПМНЕ.

Судот донел пресуда дека во периодите за кои се однесуваат тужбите, не биле распишани избори, а со тоа нема ни прекршување на одредбите од Изборниот законик. Бидејќи, оспорените одредби од Изборниот законик се применуваат 100 дена пред денот на одржување на предвремените избори за пратеници, и беа распишани на 18 октомври.

Сепак, на крајот на пресудата судијката нагласува:

„Независно од погоренаведеното, Судот смета дека радиодифузерите, односно Јавниот радиодифузен сервис, трговските радиодифузни друштва и електронските медиуми (интернет порталите) имаат обврска за разумно приспособување кон конкретната ситуација со истовремено почитување на потребата од плурализам, толеранција и отвореност како неопходни за секое демократско општество, при тоа имајќи ја во предвид нужната потреба од реформи во медиумската сфера, бидејќи извештаите од мониторингот на медиумите упатуваат дека актуелните медиуми нецелосно ја одигруваат својата улога во обезбедување избалансирано известување, поради што се потребни поголеми напори за подобрување на културата на медиумите, а лошите новинарски стандарди и етика, придонесуваат кон таквата состојба“.

Адвокати на Телевизија Сител и на директорот на телевизијата Горан Ивановски, во овие три случаи биле Никола Додевски и Маја Симоновска.  

М.Ј.

Можеби ќе ве интересира

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски