17 Декември, 2025
0.0507

Судот ја поништи продажбата на Дрисла тешка 74 милиони евра

Објавено во: Економија 22 Август, 2013 20:58

Добивај вести на Viber

Oдлуката за концесија на депонијата Дрисла e прогласена за неважечка, објави денеска на својата интернет страница Управниот суд. Пресудата, донесена на средината на јули, го поништува договорот меѓу Градот Скопје и италијанскиот конзорциум „Амбиенте“ кој требаше да биде новиот концесионер на Дрисла. Од Управен тендерската постапка ја оценуваат како незаконска, а договорот штетен за учесниците, по што пресудата беше во корист на второрангираната германска компанија „Шулц“која учествуваше на тендерот. Германците притоа се жалеа дека италијанската  „Амбиенте“ не ги исполнува критериумите и е во лоша финансиска состојба. На оваа пресуда сега се жалат од Град Скопје од каде чекаат одлука. Засега, скопскиот градоначалник Коце Трајановски одбива да го коментира случајот. „Пресудата дали е добра или не, ќе потврди или нема да потврди Вишиот управен суд, потоа ќе можеме да разговараме. Градот Скопје ја поведе постапката согласно сите законски прописи, така што ние сметаме дека исправно сме постапиле како Град“, изјави Трајановски. На ова стигна силна реакција од опозицијата.  Како што изјави Софија Куноска, координатор на советничката група на СДСМ во Град Скопје, опозиционерите во неколку наврати алармираа за спорната зделка. „Овој случај ги потврдува сомнежите дека кога станува збор за тендери, власта не ги бира фирмите кои се најповолни за остварување на интересите на граѓаните, туку оние фирми кои се погодни за остварување на бизнис интересите на владејачката партија“,  истакна Куноска. Координаторката го повика и премиерот Груевски итно да се откаже од скапите реклами со кои повикува странски инвеститори, бидејќи како што рече и најскапата реклама не може да ја покрие антирекламата направена со ваквите сомнителни зделки. Во јануари годинава градот Скопје со конзорциумот составен од „FCL AMBIENTE SRL“ и „UNIECO SCC COOP“ од Италија потпишаа договор за заедничко вложување во „Дрисла“ и ја дадоа под концесија на 35 години. Оваа компанија требаше да изврши санирање на постојната депонија , нејзино отплинување и да направи нови секции или ќелии во кои ќе биде депониран отпадот од кој понатаму ќе се произведува енергија. Пред еден месец градоначалникот Трајановски заедно со претставниците на Министерството за животна средина отпатуваа во Италија и оттаму уверуваат дека зделката е одлична и спас за градот од сметот. Договорот со  италијанскиот конзорциум „Амбиенте“  тежи околу 74 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?