19 Декември, 2025
0.0552

Сведок: Камчев бил приведен без налог, се бара негово ослободување

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2018 14:00

Добивај вести на Viber

Јордан Камчев бил приведен од СЈО без судски налог и донесен и распрашан во судот во време додека обвинителството се уште вршело претрес во неговите компании, објави Сведок.мк цитирајки делови од жалбата на одбраната на Камчев.

Тоа било наведено како еден од аргументите во жалбата, во која укажуваат на повреди во процедурата. Имено, истражната судијка иако била должна, не ги констатирала во решението, каде што задолжително се цени постапката на апсење и времето на изведување пред судија на претходна постапка.

Сведок од судски извори дознава дека жалбата на решението за притвор била поднесена нешто по полноќ во саботата во судот, во рокот од 24 часа по определување на притворот. Утрово било заведено и распоредено кај Кривичен совет кој треба да одлучува по истото.

Адвокатите бараат тоа да биде на јавна седница, за да ги образложат нивните аргументи.

Според судски извори, во жалбата се напаѓа решението на судијата на претходна постапка поради погрешно утврдена фактичка состојба и затоа се бара од Кривичниот совет да закаже седница на која ќе ги повика адвокатите кои ќе ги изнесат своите аргументи и пред тројца судии и бараат да се преиначи решението и да се пушти Камчев од притвор.

Адвокатите, според наводите во жалбата ја спореле надлежноста на СЈО и кај судијата на претходна постапка, која не дала образложение за тоа во решението. Според одбраната на Јордан Камчев, СЈО има мандат да поднесува обвиненија и да истражува за период од 2008-2015 па бараат од Кривичниот совет да образложи од кои докази ја влече својата надлежност од 2002-2013 период за кој обвинува, а без притоа да презентира „бомби“ како докази. .

Одбраната навела дека судијата на претходна постапка не можела да донесе решение за притвор на камчев без да ги има кај себе сите докази на кои СЈО ги заснова неговите сомневања и барања за притвор.

Во решението, судот навел само докази, но не и кои докази и кои кривични дела произлегуваат од тоа, бидејќи додека траел распитот на Камчев, кој почнал нешто по 19.30, а е донесен во 18 часот во судот, во просториите на Орка Холдинг претресот со одземање на документација завршил во 21 часот.

Од таму, ни СЈО, ни судот ни осомничените не знаеле какви докази се одземени. Не биле наведени ни кривичните дела во решението, а за основите за бегство не биле земени во вид имотната состојба во Македонија, Бугарија и Руската федерација каде што Камчев имал бизниси.

Целиот текст на Сведок


Можеби ќе ве интересира

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите