Светлата во ДУИ ќе светат до доцна: Неизвесно до кога ќе се дебатира во Мала Речица
Објавено во: Македонија 03 Март, 2017
Али Ахмети најави план Б.
Во Мала Речица се уште трае Централното претседателство на кое Ахмети реферира пред сопартијците за средбата со Могерини а се разговара за две клучни теми.
Засега нема официјална информација кога ќе заврши претседателството, кое што започна со доцнење од три часа.
Неизвесна е изјавата на првиот човек на ДУИ Али Ахмети.
Извори од терен велат дека во ДУИ се разговара за две клучни теми. За тоа дали да се гласа Влада во Собрание без доделен мандат, а и за одлуката до кога ќе се чека Иванов да се премисли, со пакет за рокот за распишување на изборите.
Ахмети пред да влезе на состанокот беше воздржан и го повика Иванов да се премисли.
Тој рече дека ДУИ треба да се консултира со експерти дали да се гласа влада без доделен мандат.
Се разговара и за актуелена политичка состојба а на маса пред сопартијците Ахмети ги стави и тензиите и можноста од ескалација на состојбата нешто на што треба да се остане воздржан и да не се разгоруваат меѓуетнички тензии како и што порача вчера шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини,