Светот мора да биде подготвен затоа што ова не е последна пандемија, опоменува СЗО
Објавено во: Свет, Корона Вирус 07 Септември, 2020
Пандемијата со коронавирусот нема да биде последна.
Првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека светот треба да биде подобро подготвен за следната пандемија. Тој ги повика државите да инвестираат во јавното здравство.
„Историјата нè учи дека вирусите и пандемиите се факти. Но, кога ќе дојде следната пандемија, светот мора да биде подготвен – поподготвен отколку што беше овој пат“, рече тој.
Откако беа откриени првите случаи на коронавирус во Кина во декември минатата година, во светот се потврдени повеќе од 27,3 милиони случаи.
Од вирусот на светско ниво починале скоро 900.000 луѓе.
Оздравеле 19.4 милиони луѓе, а сега најмногу заразени има во САД, Индија и Бразил.Индија забележа повеќе од 90.000 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа и го надмина Бразил според вкупниот број на заразени, соопштија официјалните лица.
Оваа земја сега го има вториот најголем број на заразени со вирусот во светот – 4.204.613. Забележани се 71.642 смртни случаи, со што Индија е трета земја во светот по бројот на починати.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.