Светот урива рекорди - еве колку се заразиле во еден ден
Објавено во: Свет, Корона Вирус 14 Ноември, 2020
Светот урива рекорди во однос на бројот на заразени со коронавирусот.
Светската здравствена организација (СЗО) синоќа објави дека во последните 24 часа се регистрирани рекордни 628.136 случаи, а починаа 9.623 луѓе.
Претходно највисока бројка на заразени на дневно ниво имаше на 7. ноември, кога беа регистрирани 613.977 случаи.
46 отсто од заразените се во Европа. Потоа следуваат Јужна и Северна Америка, а зад нив е Азија.
Ако споредиме по држави, најголем број на заразени има во САД, по кои следуваат Индија, Бразил и Русија.
Потоа се Франција, Русија и Шпанија.
Вирусот повторно се врати и во градот Вухан од каде се прошири епидемијата.