19 Декември, 2025
0.0525

Светозар Јаневски одликуван со највисокиот француски орден

Објавено во: Мои пари 13 Октомври, 2022 14:40

Добивај вести на Viber

Основачот и член на инвестициската група „М6“, Светозар Јаневски, е одликуван со орденот „Витез на легијата на честа“ што го доделува претседателот на француската република.

Во името на претседателот на Република Франција, Емануел Макрон, највисокиот француски орден на господинот Јаневски му беше предаден од страна на амбасадорот на француската република во Скопје, Сирил Бомгартнер.

Францускиот орден „Витез на легијата на честа, кој е востановен уште во 1802 година од Наполеон Бонапарта, е едно од најценетите светски одликувања кои се доделуваат на поединци за своите исклучителни постигнувања и заслуги во различни области.

Господинот Јаневски е еден од малкумината граѓани од земјава кои досега се одликувани со овој орден, а секако е првиот од бизнис заедницата.

„Горд сум што можам да кажам дека припаѓам на оние што градат мостови на соработка помеѓу земјите, барајќи го она што нѐ поврзува, она што отвора перспективи за поубав и посреќен живот, она што создава дополнителна вредност, одржлив развој и благосостојба“, рече господинот Јаневски, заблагодарувајќи се на Франција, нагласувајќи дека најголемиот дел од заслугата за добивањето на овој орден им припаѓа на неговите соработници, партнери и пријатели, на вработените во неговите компании и секако највеќе на членовите на неговото семејство.

„Посакувам ова признание, овој орден, да биде патоказ и дополнителен мотив за уште многу луѓе од мојата земја, особено на младите, да ги охрабри да размислуваат и да работат на реализација на идеи и проекти кои ќе креираат уште посилни врски помеѓу нашите две земји – Македонија и Франција -  ќе го зајакнуваат нашето меѓусебно почитување, пријателство и соработка и ќе донесат уште поголем просперитет и благосостојба на граѓаните на нашите две земји“, додаде Јаневски.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција