05 Декември, 2025
0.1613

Светска банка ни одобри заем од 50 милиони долари

Објавено во: Финансии 14 Март, 2014 11:10

Добивај вести на Viber

Одборот на извршни директори на Светската банка денес го одобри Вториот програмски заем за развојни политики за конкурентност (ДПЛ2) во износ од 36,4 милиони ЕУР (во противвредност од 50 милиони УСД) за Република Македонија. Заемот има за цел да ја зајакне конкурентноста на економијата на Македонија преку поддржување на инвестиции и надградба на технологијата во секторите индустрија, агробизнис и трговска логистика, и создавање услови за зголемување на флексибилноста на пазарот на трудот и капацитетот за иновации.
„Подобрување на конкурентноста и условите за локалните компании да се развиваат е неопходно за Република Македонија да се стави на патеката на одржлив раст, да се создадат повеќе и подобри работни места, и да се промовира заеднички просперитет,” вели Татјана Проскурјакова, директор на канцеларијата на Светска банка во Република Македонија.
Надоврзувајќи се на резултатите на првиот програмски заем за развојни политики (ДПЛ) за конкурентност од 2012 година, реформите во рамките на ДПЛ2 ќе поттикнат инвестиции и иновации во клучни сектори ориентирани кон извозот, кои имаат потенцијал да го зголемат долгорочниот раст и создавањето работни места во услови на сѐ поконкурентна глобална економија, очекуваат од Светска банка. Активностите преземени во рамките на ДПЛ2 треба да ја зголемат одржливоста и влијанието на владината програма за технолошките индустриски развојни зони (ТИРЗ) – важна алатка за привлекување странски инвестиции во производство што додава вредност и е извозно ориентирано. Освен тоа, новите програми за поддршка на извозниците треба да придонесат и во насока на унапредување и надградување на индустриите со силен потенцијал за извоз. „Во секторот агробизнис, промоцијата на програмата за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост ќе доведе до подобро користење на земјишните ресурси и влез на нови странски и домашни фирми на пазарот. Во областа на трговската логистика, сеопфатните подобрувања во однос на пристапот базиран на ризик на царинските контроли и техничките инспекции во согласност со најдобрите практики на ЕУ ќе ја подобри ефикасноста на контролите на трговијата со стоки“, стои во соопштението од Светска банка.
 „За подигнување на долгорочниот економски развој потребно е властите да се справат со структурните ограничувања во главните сектори на економијата, вели Џон Габриел Годард, виш економист во секторот на Светската банка за развој на финансискиот и приватниот сектор во регионот на Европа и централна Азија (ЕЦА) и лидер на проектниот тим. „Идниот раст во извозно ориентираното производство ќе зависи од привлекувањето на инвестиции во сегментите со високо ниво на додадена вредност и побрза интеграција во глобалните синџири на снабдување.  Реформите кои се спроведени во рамките на ДПЛ2 ќе придонесат за унапредување на оваа цел. Реформите исто така овозможуваат и преструктуирање на секторот агробизнис, ја подобруваат ефикасноста на трговската логистика и поттикнуваат флексибилност на пазарот на трудот и капацитет за иновации.“
Спроведувањето на реформите во рамките на ДПЛ2 ќе биде потпомогнато со техничка помош во рамките на тригодишната „Програма за поддршка на конкурентни индустрии и иновации“ во Македонија, поддржана со грант во износ од 1,6 милиони УСД од страна на фондот од повеќе донатори финансиран од владите на Австрија, Швајцарија како и Европската комисија. Со оглед на претстојните претседателски и парламентарни избори во Република Македонија, со Владата е договорено договорот за заем да се потпише и средствата од заемот да се исплатат по завршувањето на изборниот процес во земјата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката