Светската банка со план во Истанбул да отвори Центар за исламски финансиски истражувања
Објавено во: Свет 18 Септември, 2013
Светската банка планира да отвори во Истанбул прв и единствен надвор од територијата на САД Центар за исламски финансиски истражувања, изјави денеска претседателот на Берзата во Истанбул Ибрахим Турхан.
Турхан се обрати на отворањето на четвртиот финансиски самит во Истанбул.
- Планираме да објавиме за тоа на овогодинешниот состанок на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, што ќе се одржи во октомври во Вашингтон, изјави тој.
Претседателот на Берзата во Истанбул истакна дека во изминатиот период се случиле радосни настани, кои се насочени кон јакнење на позициите на Истанбул во својство на меѓународен финансиски центар.