24 Јуни, 2025
0.1446

СВЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ ВО ЕСТЕТСКАТА ДЕРМАТОЛОГИЈА СЕ ДОСТАПНИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2025 12:58

Добивај вести на Viber

8 НАЈСОВРЕМЕНИ ЛАСЕРСКИ ТЕХНОЛОГИИ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ПЕРФЕКЦИЈА

Центарот за перфекција при Клиничката болница „Аџибадем Систина“, опремен со најсовремена медицинска технологија, претставува комплетен центар за изведување широк спектар на дерматолошки и естетски процедури. Во насока на постојано унапредување на услугите, покрај постојните ласерски апарати, Одделот за дерматовенерологија и естетска дерматологија нуди нови третмани преку воведување четири нови врвни ласерски системи: Optimas by InMode, Elite, Q-switched Nd:YAG Laser и Alexandrit. Со овие напредни технологии, пациентите добиваат пристап до најновите светски трендови во естетската дерматологија.

Optimas by InMode е една од најсовремените платформи за неинвазивни естетски третмани. Оваа мултифункционална платформа претставува комбинација од две напредни технологии – IPL ласерски систем и радиофреквентна методологија, позната како Morpheus. Со овие ласерски системи се третираат васкуларни промени, пигментации на кожата, подмладување преку microneedling техника, како и обликување на телото. Третманите за подмладување, кои се апсолутен хит во светот, сега се достапни и кај нас,“ истакнува проф. д-р Андреј Петров, специјалист по дерматовенерологија.

Покрај Optimas by InMode, дел од новата генерација ласерски апарати се и Q-switched Nd:YAG ласерот и Elite ласерот, со кои – како што објаснува д-р Петров – пациентите можат да очекуваат висококвалитетна услуга и одлични резултати во третманот на различни дерматолошки и естетски состојби. Овие технологии овозможуваат прецизни, безбедни и ефикасни решенија, приспособени на индивидуалните потреби на секој пациент.

Q-switch Nd:YAG Laser е моќен уред кој работи со две бранови должини и се користи за отстранување на тетоважи, длабоки пигментации, флеки предизвикани од сонце, вродени белези, како и за третман на одредени васкуларни промени. Новиот Elite ласерски систем е докажано ефикасен во трајно отстранување на несакани влакна. Со овој ласер можеме брзо, безбедно и со висок степен на прецизност да постигнеме одлични резултати кај нашите пациенти. Elite системот, зависно од медицинските индикации, се користи и за третман на други дерматолошки состојби", вели д-р Петров.

Д-р Петров нагласува дека секој пациент кој размислува за ласерски третман, најпрво треба да направи стручна медицинска проценка. Според него, само искусен дерматолог може правилно да ја одреди дијагнозата и да препорача соодветна терапија, со што се овозможува безбедноста, ефикасноста и индивидуализираниот пристап во третманот.

„Важно е да се потенцира дека индикациите за ласерски третман не ги утврдува самиот пациент. Доколку некој има одредена кожна промена што му пречи или сака да направи естетска корекција, првиот чекор секогаш е стручниот преглед. Заедно со пациентот, врз основа на дијагнозата, одлучуваме дали проблемот може да се реши со ласер или е потребен друг вид третман. Предноста на ласерските третмани е што се брзи, минимално инвазивни и не бараат болничко задржување. Не оставаат лузни или траги од интервенција, а резултатите се видливи за релативно кратко време. Ласерската хирургија претставува хирургија без нож – токму тука лежи нејзината предност во однос на класичните методи во дерматолошката хирургија“, додава д-р Петров.

Сите дерматолошки и естетски процедури треба да се изведуваат од страна на искусни и стручни дерматовенеролози, кои поседуваат соодветна медицинска едукација и практично искуство во оваа област.

„Примената на овие третмани од страна на обучени професионалци е клучна за да се обезбеди не само ефикасност, туку и максимална безбедност за пациентите. Дополнително, се препорачува користење на современи, клинички тестирани и безбедни ласерски апарати кои ги исполнуваат највисоките стандарди во медицинската и естетската практика. Само со ваков пристап може да се гарантира квалитетна нега, прецизност во третманот и минимален ризик од несакани ефекти", вели д-р Петров.

Ласер-центарот при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ функционира веќе 12 години и располага со стручен тим на специјалисти по дерматовенерологија, едуцирани за работа со ласери во светски реномирани медицински центри. Со примена на напредните ласерски технологии, одделот стана пионер во изведување на неинвазивни и нехируршки третмани за лице и тело. Проф. д-р Андреј Петров истакнува дека со новите ласерски апарати и искусниот тим дерматолози на овој оддел се нуди комплетен третман на различни дерматолошки и естетски дерматолошки состојби. Заинтересираните пациенти за ласерски третмани може да закажат термин за консултација и преглед со повик на 02 3099 500.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Ова е приказната зад најгласниот штанд на Car Show 2025

Ова е приказната зад најгласниот штанд на Car Show 2025

Енергетска ефикасност и заштеда на трошоци: Пронаоѓање на вистинскиот снабдувач со електрична енергија

Енергетска ефикасност и заштеда на трошоци: Пронаоѓање на вистинскиот снабдувач со електрична енергија

Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба Фактите на прво место

Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба Фактите на прво место

ФОТО-ВЕСТ: Македонски успех на Аксиос Про Скопје на трката Gran Fondo Novi Sad 2025

ФОТО-ВЕСТ: Македонски успех на Аксиос Про Скопје на трката Gran Fondo Novi Sad 2025

Гоу Грин организира национално вмрежување за урбан велосипедизам

Гоу Грин организира национално вмрежување за урбан велосипедизам

Седум медали за сите седум вина на „Монтеко“ на највлијателниот и најпрестижен вински натпревар во светот

Седум медали за сите седум вина на „Монтеко“ на највлијателниот и најпрестижен вински натпревар во светот

Добиј 10% cashback на сите твои летни трансакции со бесплатната ProYOUng дебитна картичка за млади

Добиј 10% cashback на сите твои летни трансакции со бесплатната ProYOUng дебитна картичка за млади

A1 Македонија ги отвора вратите за идната генерација на млади професионалци преку практикантската програмата A1 WayUp

A1 Македонија ги отвора вратите за идната генерација на млади професионалци преку практикантската програмата A1 WayUp

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА