СЗО: Нема пари за борба против пандемијата
Објавено во: Свет, Корона Вирус 10 Август, 2020
Недостасуваат средства за борба против пандемијата.
Светската здравствена организација денеска предупреди за огромниот јаз меѓу средствата потребни за борба против пандемијата и средствата наменети за таа цел во светот.
Болеста е потврдена во повеќе од 210 земји и територии, откако за прв пат е идентификувана во Кина во декември 2019 година.
„Само за вакцини ќе бидат потребни повеќе од 100 милијарди американски долари“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус пред новинарите во Женева.
Говорејќи за меѓународна иницијатива да се овозможи подобар пристап до здравствена заштита, Тедрос рече дека следните три недели се клучни и ја истакна потребата за зголемување на финансирањето. Тедрос вели дека сепак има надеж.
Бројот на луѓе што се заразиле од коронавирусот во светски рамки надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави страницата за статистика „Ворлдометерс“. Од почетокот на епидемијата починале 733.995 луѓе, а скоро 13 милиони закрепнале.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.