T-Business конференција во Охрид
Објавено во: Мои пари 06 Мај, 2025 14:42
Македонски Телеком организираше бизнис конференција во Охрид, на којашто присуствуваа повеќе посетители од компаниите и од институционалните корисници од регионот. Целта на овие конференции, коишто се одржуваат во текот на целата година во различни региони во Македонија, е промоција на дигитализацијата и пренесување на искуствата и најдобрите практики за примена на најновите решенија од Телеком.

„Наша задача како технолошки лидер и доверлив деловен партнер е да ја поттикнеме примената на дигитални решенија. Преку овие конференции, остваруваме директен контакт со нашите корисници и ги пренесуваме нашите искуства за тие да извлечат максимална придобивка од нашите решенија – да бидат поконкурентни, а нивните корисници да бидат задоволни. Веруваме дека инвестирањето во дигитализацијата всушност претставува инвестирање во иднината на нашата економија и општество.“ - изјави Марјан Богатиновски, Главен директор за деловни корисници на Македонски Телеком.

На конференцијата, експерти од Македонски Телеком одржаа свои презентации и отворија дискусија за сајбер безбедност, дигитален маркетинг, како и решенија за паметен град, вклучувајќи управување со енергија, вода и јавно осветлување. Посебно внимание предизвикаа решенијата за телемедицина, коишто веќе се користат со извонредни резултати.

Ова е втора конференција на Телеком од ваков вид годинава, по првата одржана во април, во Прилеп.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




