Добивај вести на Viber
„Интернет по потреба“, “Интернет со Optic Giga“ и „Два месеци бесплатен Интернет со Интернет промо“ се трите нови пакети кои од денеска ги воведува „Македонски телеком“.
Првиот пакет е наменет за оние корисници кои имаат потреба од Интернет, но не им треба во текот на целиот месец. Услугата се активира веднаш, без инсталација и дополнителна опрема и без склучување на било каков договор.
Ова е прва услуга од овој вид, со која корисникот кој нема интернет пристап може дома да се поврезе на широкопојасен интернет веднаш кога ќе му биде потребен, вели директорот за комуникации во „Македонски телеком“, Димитар Ковачевски,.
Со новата услуга Optic Giga, корисниците за прв пат добиваат интернет со брзина до еден гигатиб во секунда. Со оваа услуга, како што нагласи Ковачевски, преземањето на податоци од интернет е до сто пати побрзо отколку што беше можно преку типичен приклучок.
„Наместо за 20 минути, како досега, видео содржина може да се преземе за помалку од една минута. Со оваа услуга, Македонија станува прва земја во регионот и една од малкуте земји во светот кои имаат еден гигабит во секунда интернет брзина за приватни корисници“, истакна Ковачевски.
Од денеска стартува и промоцијата за два месеци бесплатен интернет. По истекот на промотивниот период, доколу се задоволни од услугата може да се претплатат на некој од редовните пакети, а доколку одлучат да не ја користат понатаму, ќе биде деактивирана автоматски, без никаков надоместок.