Т-Мобиле Македонија се извини поради краткиот прекин на услугите во мрежата
Објавено во: Мои пари 10 Декември, 2014 15:30
Т-Мобиле Македонија ја информира јавноста дека на ден 10.12.2014 година поради технички проблем дојде до краток прекин на сите услуги во мобилната мрежа во периодот од 12:35 до 12:50 часот.
Прекинот на услугите го почувствуваа корисниците на цела територија на град Скопје и поголем дел од територијата на Република Македонија.
Говорните услуги се во целоснa функција, додека мобилниот интернет сеуште работи со одредени потешкотии на територијата на Република Македонија и нашите стручни тимови работат на негово нормализирање во најскоро време. Т-Мобиле Македонија се извинува за настанатите пречки и како и секогаш максимално брзо и ефикасно ќе реагира во сите ситуации за непречено користење на услугите кон граѓаните.
Можеби ќе ве интересира
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година




