Таа е најмладата англиска милионерка - како живее?
Објавено во: Финансии 06 Март, 2017
Џејн Парк имаше само 17 години кога го освои својот прв милион џекпот од играта „Евромилиони“.
Таа сега има 21 година и вели дека се чувствува полошо од претходно и живее полошо.
Парк дури почнува кампања за кревање на возраста за учество во лотаријата од 16 на 18 години.
Во 2013 година, кога уште беше тинејџерка заработи над 1 милион фунти и стана најмладиот човек, кој добил џекпот, пишува „Дејли Мејл".
Со парите купила мерцедес, но ја фатиле како вози пијана. Ако ја прогласат за виновна, вели дека ќе најми возач.
Само за еден ден загубила 100 000 фунти од неуспешен бизнис, додава The Sun.