05 Декември, 2025
0.0278

ТАБЕЛА: Раст на нефункционалните кредити!

Објавено во: Финансии 03 Ноември, 2014 09:27

Добивај вести на Viber

Стапката на нефункционални кредити во август годинава достигна 12,2%.   Наспроти подобрувањето во првиот квартал, во вториот квартал од годинава настапи одредено влошување на квалитетот на кредитното портфолио, се посочува во извештајот на НБРМ. „На  крајот на јуни 2014 година, стапката на нефункционални кредити достигна 11,8%. Во вториот квартал од годинава повторно дојде до поизразено влошување на квалитетот на кредитното портфолио на претпријатијата, наспроти умерената кредитна поддршка за овој сектор.Од друга страна, стапката на нефункционалните кредити на домаќинствата продолжи да се намалува, што се должи на растот на вкупните кредити, при мало зголемување на нефункционалните кредити. Стапката на нефункционалните кредити продолжи да се движи по нагорна линија и по јуни годинава, па така во август достигна 12,2%, се објаснува во извештајот на НБРМ. При тоа се потенцира дека со оглед на фактот дека нефункционалните кредити имаат висока покриеност со издвоена исправка на вредноста опасноста за сопствените средства на банкарскиот систем од нивно евентуално неплаќање е минимална. Анализата на НБРМ покажува во вториот квартал од годинава, кварталната стапка на раст на нефункционалните кредити достигна 9,3%, што произлегува од растот на нефункционалните кредити на претпријатијата и е одраз на влошените остварувања на некои клиенти од дејностите „трговија на големо имало“, „дејности во врска со недвижен имот“ и „прехранбена индустрија“. Нагорно движење, но со значително послаб интензитет се забележува и кај нефункционалните кредитина домаќинствата,особено кај потрошувачките кредити, кредитите врз основа на издадени кредитни картички и станбените кредитИ Според податоците на НБРМ, во вториот квартал од оваа година, вкупната кредитна изложеност на банкарскиот систем порасна за 4.294.000.000 денари и достигна 400.338.000.000 денари. Еве како изгледа кредитната изложеност на граѓаните и фирмите, односно за што најмногу се земаат кредити

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката