Добивај вести на Viber
Сите прашања поврзани со енергетиката и телекомуникациите, што се однесува до Косово и Европската унија се затворени и сега се чека Србија да го прифати договорот според рокот, до осми август. Ова го изјави на седница на владата косовскиот премиер Хашим Тачи.
Според Тачи, на последната средба во Брисел бил постигнат напредок за организација на локалните избори на трети ноември годинава. Притоа на владината седница тој изрази надеж дека Србија ќе ги прифати понудените спогодби.
„Во врска со енергетиката и телекомуникациите слободно можам да кажам дека овие прашања за Косово се затворени“, изјави рече Тачи.
Тој уверува дека процесот ќе биде успешен со учество на сите заедници.
„Мисија на ОБСЕ на наше барање ќе продолжи да ја извршува својата улога за да ги олесни и организира изборите на северот каде ќе има и претставници на Централната изборна комисија на Косово. Ние ќе продолжиме да работиме со нашите политички партии за масовно учество на Србите на северот“, истакна косовскиот премиер.