ТАГА И БОЛКА ВО ДЕБАР: Колегите жалат за младиот пејач Емрах Мехмеди, имаше само 30 години
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2020
Трагедија во Дебар. Вчера почина фолк пејачот Емрах Мехмеди.
Оваа информација ја објави порталот 24Инфо, а според нивните сознанија, Емрах животот го изгубил во несреќен случај, паѓајки од скеле.
Емрах важеше за млад и надежен пејач, имал големи планови во неговата кариера, кои за жал останаа нереализирани. Зад него остави мали дечиња и сопруга.
Имаше само 30 години.
Колегите жалат за младиот Емрах. На неговиот фејсбук профил можат да се забележат бројни изразувања на сочуство.
Дел од естрадните уметници велат дека денеска ќе биде тажен ден, нема да се објавува ниту едно видео, во знак на поддршка на нивниот колега и брат, Емрах Мехмеди.
Тага и болка, пишуваат неговите колеги.
„Жировница, Македонија, остана без големата насмевка на овој добар човек“, пишуваат дел од неговите познаници.
Фактор изразува длабоко жалење и сочувство на трагично загинатиот Емрах.