Тајани ја нарекол земјава Македонија и зборувал за Александар - Грците лути
Објавено во: Македонија, Балкан 26 Јануари, 2017 17:01
Грчки политичари остро реагираа на видео од лани кое е објавено вчера и на кое новоизбраниот претседател на Европскиот парламент, Антонио Тајани, за Македонија го користи уставното име, пишува грчкото издание на „Јурактив“.
За време на посетата на Скопје во февруари лани поради трибина, тој кажал дека Македонија е убава земја.
„Секој во Италија ја знае Македонија. Зошто? Бидејќи Александар Велики и Филип Македонски се многу популарни ваши предци. Без Александар немаше да ја имаме Европа, бидејќи тој беше првиот крал кој ја запре инвазијата од Иран и другите земји. Затоа и го викале Александар Велики. Тој ги зајакнал европските граници“- рекол тој.
Видеото со Тајани вчера го објави грчката телевизија Антена1, и тоа ги разгневи политичарите кај јужниот сосед.
Тајани денеска се огласи со соопштение за медиумите во кое објаснува дека законодавството на ЕУ го признава единствено меѓународно признатото име на државата „поранешна југословенска Република Македонија“.
„Што се однесува до грчките медиумски извештаи за минатогодишната посета на Тајани на Скопје, новоизбраниот претседател на Европскиот парламент ја потврдува воспоставената позиција на Европскиот парламент дека оваа институција го признава единствено името под кое државата е меѓународно призната, поранешна југословенска Република Македонија (БЈРМ)“- стои во соопштението.
Европарламентарецот од Сириза, Костас Хрисогонос рече дека Тајани покажал дека „не само што ја игнорира историјата, туку е и лекомислен“.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




