19 Декември, 2025
0.3303

Тајните на мистериозните милијардери

Објавено во: Мои пари 01 Мај, 2015 09:00

Добивај вести на Viber

Вештачкиот под пред лифтот изгледа блед и истрошен. Канцеларијата во лондонскиот кварт Белгравија е отворена мансарда, паркетот е од продавницата "Направи си сам", а долгите плочи на бироата од акрил изгледаат како купени од Ikea. И кога малку подоцна доаѓа шефот - по сандали без чорапи и лично го носи кафето, JAB изгледа речиси нормално за разлика од повеќето млади интернет стартапи.

Но, неколку работи се чудни. Извршниот директор Петер Харф е 68 години - премногу возрасен за интернет претприемач. Наместо сјајот на новоформираните, благодарение на неизбелените заби и само малку загорената кожа без тен тој зрачи со ведрина и мудрост на благородник. Харф не го зачинува својот мајчин германски јазик со англицизми изговорени со американски акцент со каков претприемачите сакаат да ја потенцираат својата суета. И седи цело време на разговорот со својот мобилен телефон во рака, пишува во својата анализа германското списание WirtschaftsWoche.

Бидејќи иако JAB го зазема само десеттиот кат од зградата со сјајни стакла како од блокови Lego во близина на Бакингемската палата, таа е многу профитабилна корпоративна група со вредност од околу 30 милијарди евра. Таа е специјализирана во најсуптилните и кул работи во животот - парфемот Joop, чевлите Jimmy Choo, кафето Jacobs - и во еден посебен метод на управување, кој ги прави сите шефови на различните оддели сосопственици. "Петер и JAB се меѓу повеќето потценети претприемачи и компании во светот", вели Али Дибаџ, аналитичар од Њујорк во брокерската фирма Sanford C. Bernstein.

sredstvata

Но JAB Holding Company, како што е целото име на компанијата, е нешто повеќе од тоа - семеен бизнис, сопственост на затскриената династија Рајман и нов тип инвестициска компанија за супербогатите. "За нашиот пристап сеуште не е измислен термин", вели Харф и по кратка пауза дава дефиниција за активностите: "Ние не сме опседнати од деталите на високото раководство, не сме дистанцирани од надзорниот одбор и сигурно не сме со цел за брза добивка " , вели претприемачот. "Ние сме активни инвеститори кои сакаат да се направи група на поврзани бизниси поефикасна - со разбирање и со близок контакт со раководството кое не гледа на себеси како на функционер, туку како на косопственик", објаснува тој.

Иако JAB како компанија е позната само на неколкумина, околу 100 нејзини трговски марки се дел од нашето секојдневие. Наутро многумина се будат со Natreen или засладено еспресо на Jacobs, или со Senseo Crema. Парфеми и козметика како David Beckham или Manhattan обезбедуваат сјај на лицата и пријатен мириси. Помошта за најдобар изглед доаѓа од чевлите Jimmy Choo, платени со пари од портфолото Bally. И секогаш владее здрава чистота благодарение на гигантот во производството на стоки за широка потрошувачка Reckitt Benckiser со брендови како Sagrotan, лекот за намалување на температура и отстранување на болките Nurofen или грижа за стапалата со брендот Scholl.

jimmy sara

Толку здрав како додаток во исхраната MegaRed, е и финансискиот баланс на компанијата. Иако Харф и неговиот тим се невообичаено тивки во однос на ова, марка со пироко портефолио на компанијата во 2014 година се погрижил за тоа компанијата да се процени на околу 24 милијарди евра и да генерира профит од најмалку 2 милијарди евра.

А кога и договорот за бизнисот со кафе на концернот Mondelez ќе биде правно завршен, со профитот и на трите подружници, тогаш вредноста на JAB може до крајот на 2015 година да се зголеми до 30 милијарди евра. Други превземања, особено во сферата на бизнисот со кафе, исто така, се во визијата на концернот, како и нови бизнис сфери. Така на пример во ноември 2014 година JAB ја проголта американската компанија за пекарски специјалитети Einstein Noah и така влезе во бизнисот со брза храна.

Успехот му дозволува да ужива исто и на Харф, кој заедно со неговите блиски партнери Барт Бехтел и и Оливие Гудо држи според информирани извори околу осум отсто од акциите на JAB. "Тие номинално се еднакви, но на крајот Петер е водечка сила", вели извор за списанието.

Уште повеќе резултатите ја радуваат германската индустриска династија Рајман која се состои од четири семејства со десет деца. Тие ги држат во своите раце останатите 92 отсто од компанијата - преку неколку средни холдинг-компании во Виена и Луксембург.

Навистина, Рајман не се сопственици на овие 30 милијарди евра, на кои е оценета вредноста на концернот, бидејќи неодамна мораше да прифатат на одборот и голем број "странски" кредитори, за да остварат сериозни превземања, како инвеститорот легенда Ворен Бафет и милијардерот од Колумбија Алехандро Санто Доминго. Но според аналитичарите кон крајот на годината уделот на Рајман во состојбата ќе биде околу 20 милијарди евра - доста над 14 милијарди евра, кои во моментов се припишуваат на семејството.

Иако имаат такво богатство, Рајман се многу малку познати во општеството, како и нивниот холдинг. Има малку веродостојни информации за имињата на четворицата акционери: Ренате Рајнман-Хас, Волфганг Рајман, Штефан Рајнман-Андерсен и Матијас Рајнман-Андерсен. Сето тие имаат хуманитарно образование. "Сето останато што е напишано за нив, е или маргинално и банално, или не е точно", се тврди во семејните кругови.

Причината е дека Рајман не даваат интервјуа и не можете да ги следите на интернет. Уште поважно е што за разлика од другите супер богати милијардери, најмногу дискретните милијардери на Германија не остават зад себе речиси никакви траги. Тие избегнуваат баровските средби, скапи летувалишта и милијардерски хобиа како големи јахти. Наместо тоа, тие живеат добро, но не и луксузно. Тие оставаат речиси цели годишни профити во рамките на компанијата. "А она што го земаат сепак надвор, тие го инвестираат претежно во нивните фондации", вели Харф.

Тој би требало да го знае тоа. Бидејќи и покрај познатите филантропи, тројцата номинално рамноправни партнери и мнозински акционери на семејството сепак во империјата на Рајман крајниот збор секогаш е на Харф. "Секој знае дека без Петер немаше да го има и JAB", вели извор на списанието. И можеби Рајман дури немаше да имаат значителни средства.

Кога во 1981 година Харф влегува во семејниот бизнис, кој во тоа време се нарекува Benckiser, основан во 1823 година од страна на Јохан Адам Бенкизер работите не се развиваат добро поради тогашната криза. "Прашањето беше не дали ќе ја изгубиме својата независност, туку кога ќе се случи тоа", вели Харф. Кога умира патријархот Алберт Рајман, неговите девет посвоени деца - вклучувајќи ги и четирите наследници на неговата сестра, немаат спасувачки план.

Харф сепак има. Тој успева да му додеде на џуџето во хемиската индустрија со 230 милиони евра приходи една нова критична маса, особено во областа на потрошувачките стоки со брендови како Calgon. И влегува во нови области, кога во 1992 година ја купува од фармацевтскиот гигант Pfizer за 400 милиони долари несаканата сестринска фирма за парфеми Coty.

portfolio

Тука најпосле Харф може да ја тестира замислената од него уште како студент на Харвард идеја за повисоки профити со контролиран ризик. "Најмногу шанси за успех обезбеди секторот со раст без оглед на економијата, со силни брендови, но без вистински настапи како лидер", вели Харф. "Кој создаде поголеми единици, речиси автоматски се претвора во победник". Во прилог мирисите нуделе по -мал ризик. Производството бара помалку капитал. И покрај тоа што е можно при продажба и маркетинг да се работи поефикасно.

Семејството се доверува на Харф не само затоа што нема друг избор. Тој ги убедува Рајман во своите јасни идеи. Тој е докторант и ѕвезда на Универзитетот во Келн и во почетокот на седумдесеттите години е еден од ретките Германци, кои ја завршуваат елитистичката Harvard Business School. "Тој е неверојатно паметен", вели неговиот студен Џим Стерн, основач на инвестициската компанија Cypress Group во Њујорк. Тој се сеќава за тоа како Харф го снимал речиси целиот обем на голема табела во ексел само додека ја чита.

Распределбата на трудот во моментов изгледа вака: Спасителот на фирмата Харф ги дискутира најосновните работи во бизнисот со семејството и мал советодавен одбор. Но инаку не се наруши традицијата семејството да живее скромно и во голема мера да се откажува од дивидендите за да заштеди на фирмата за скапи кредити. Четири пати во годината Харф се среќава со семејството во текот на неколку дена во еден хотел. "Таму тие зборуваат без дневен ред и разговараат за сè што претстои пред компанијата", вели внатрешен човек. "Тие гледаат на Петер како на еден вид поголем брат".

Така на пример Харф успева да реши голем број семејни проблеми, на пример, кога постепено петмина од вкупно деветте наследници на Алберт Рајман сакаат да ја остават компанијата. Харф им плаќа за акциите со кредит, заработува преку поделба на детергенти на берзата, а потоа ги спои со британската Reckitt & Colman во концернот Reckitt Benckiser. Тој му ја дава на сегашниот партнер Бечтел највисоката функција и работи со него, за да се изгради од Coty луксузен гигант. Така Харф ја додава и козметиката кон Класико во кожените производи како Bally и Belstaff.

K.K.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка