ТАНАП тргна, засега стигнува до соседите!
Објавено во: Балкан, Економија 17 Март, 2015 19:31
Официјалната церемонија на поставување на камен-темелникот за изградба на транс-анатолскиот гасовод (ТАНАП) се одржа денеска во турската провинција Карс.
На церемонијата учествуваа претседателите на Азербејџан, Турција и Грузија Илијам Алиев, Реџеп Тајип Ердоган, Георги Маргвелашвили, комесарот за енергија на Европската унија Марош Чевчовиќ и други официјални лица, објавија новинските агенции.
Нафтоводот со должина од 1.850 километри, е предвиден за транспорт на азербејџански гас од наоѓалиштето Шах Дениз преку Грузија и Турција кон границите на Грција и Бугарија. Вредноста на ТАНАП проектот се проценува на 10-11 милијарди долари.
Првиот гас во износ од 16 милијарди кубни метри годишно треба да започне да се пумпа во 2018 година. До 2026, капацитетот ќе се зголеми на проектираните 31 милијарди кубни метри годишно.
Учесници во проектот се Државната нафтена компанија на Азербејџан(Gosudarstvenaja naftnaja kompanija Azerbejdžanskoj Respubliki, GNKAR), со 58 проценти, Бритиш Петролеум (БП), со 12 отсто и турската национална нафтено - гасна компанија Ботас, со 30 проценти.
Tранс-анатолскиот гасовод е единствен проект за целиот евроазиски регион, рече турскиот претседател Тајип Ердоган на церемонијата на почетокот на реализацијата на проектот, пренесува Тас.
„На Грузија, Азербејџан, Турција и низ Евроазија е потребен проект, како ТАНАП. Покрај допринесот во економијата, тој ќе придонесе за мирот и благосостојбата во регионот. Продолжуваме со спроведување на различни енергетски проекти со други земји. Но ТАНАП е единствена во однос на својата географија и задача. ТАНАП нема алтернатива“, рече Ердоган.
И македонскиот министер за економија Беким Незири, на покана на министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Танер Јилдиз, денес присуствуваше на свечената церемонија за поставување на камен темелник за изградба на транс-анатолскиот гасовод за природен гас ТАНАП.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




