Таневски: Во непредвидлива економија мора да сме финансиски освестени
Објавено во: Финансии 29 Јануари, 2024
Висока инфлација, економска и енергетска криза. Во последните неколку години глобалните и локалните кризи предизвикаа големи потреси врз животниот стандард, обезвреднување на платите и заработеното. Без соодветна финансиска едукација ваквите предизвици се уште поголеми.
Исто така кризите за некого се и можност, особено за препознавање на паметна инвестиција, но истовремено финансиската едукација може да ве подготви подобро да избегнете несигурни шеми и измами. Како да се справите со дел од предизвиците открива финансискиот советник и претприемач Димитар Таневски.
Како да се планираат личните финансии во време на кризи и колку овие турбуленции може да се пребродат?
Таневски: Многу е битно да запишуваме колку заработуваме, а уште побитно и колку трошиме за да можеме да видиме каде ни одат сите средства.И да можеме да си направиме и личен и семеен буџет за да одредиме.Што подобро и повеќе да заштедиме, но исто така уште повеќе да инвестираме во иднината бидејки различно е штедењето од инвестирањето, вели финансискиот советник и претприемач Димитар Таневски.
Кои финансиски алатки се најкорисни за подобрување на личната финансиска дисциплина и информираност?
Таневски: Секому му одговара различен начин на водење на својот буџет, јас лично користам и Excel табели, а користам и мобилна апликација која е доста корисна.Некому може да му оддговара и offline тефтер, што и да користите битно е да се почне од некаде да водите лични финансии.
Колку е важно во време на економска кризада се работи на финансиската едукација?
Таневски: Постојано е важно да се работи на финансиска едукација. Дополнително во време на инфлација, финансиски кризи и сите овие турбулентни периоди што ги имавме во изминатите години. Уште повеќе е битно, бидејќи времето е толку непредвидливо да не знаеме како ќе биде во наредните три, шест месеци, година дена.Ако претходно сме можеле да предвидиме и да направиме проекции сега е уште потешко.Затоа е битно финансиска едукација да постои уште од најмала возраст.
Како да се препознае добра инвестиција наспроти моментот Too good to be true?
Таневски: Најдобро по мене на долг рок е да се инвестира, односно да се диверзифицира, не велам дека е најдобро само во акции или недвижности, само во крипто, од се по малку треба да се инвестира.
На крајот од денот се зависи на која возраст сте, колкави ви се приходите и што сакате да постигнете.Битно е да се направи добра диверзификација на инвестициите. Како да се препознае? Најдобро е да се водиме од историски податоци.
Ако знаеме дека берзата перформира со оддреден процент на раст и недвижностите носат одреден степен на раст тука веќе имаме повеќе информации, можеме подобро да ги алоцираме средствата.
Секогаш добро е интересно е да се инвестира не само во крипто, што е многу популарно и може да носи потенцијално огромен раст, но носи и огромен ризик, да се инвестира и во стартапи, помагање на мали бизниси кои нема да донесат само финансиски бенефит туку и ќе учествуваме во изградбата на нешто многу интересно и многу добро.
Х.С.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.