Таравари чека МВР да ги гони насилниците кои претепаа професори
Објавено во: Македонија 17 Април, 2018 07:33
Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари и натаму чека МВР да ги гони насилниците кои претепаа двајца професори од гимназијата во Гостивар мотиварани како што вели тој од партиски несогласување за кадровската политика. Нападот врз професорите според него е порака од ДУИ и затоа истите мора да бидат санкционирани од страна на власта која не смее повеќе ваков вид на нецивилизирано однесување.
„Бараме и МВР и Јавното обвинителство да преземат конкретни чекори во врска со овој настан. Јас сум убеден, доколку напаѓачи беа членови на Алијансата за Албанците, тие ќе беа зад решетки. Но, кога се работи за членови на ДУИ, тие се шетаат слободно и се закана за околината. Ако нема исход, ние, нашите деца и училиштата ќе бидат заложници на наслиници, вели Таравари.
Градоначалникот на Гостивар смета дека ако лицата кои ги нападнаа професорите во самиот двор на училиштето, се членови или симпатизери на ДУИ тоа не значи дека треба да добиваат заштита од државните институции, а исто така бара и одговорност од директорот на училиштетот за кој смета дека лично ја иницирал тепачката.
- Сакам да верувам дека државата е иста и законот е ист за сите граѓани и дека тие што го направија ќе одговараат пред суд. Така власта да покаже дека не е толерантна кон криминалците. Доколку државата продолжува да ги штити тие што се однесуваат како бандити, нема да имаме напредок, изјави Таравари.
Градоначалникот на денешната прес-конференција побара од просветниот инспекторат да го информираат и него и пошироката јавност, што презел по инциндентот во дворот на гостиварската гимназија, бидејќи како што нагласи, тој нема увид во работата на училиштата откако му се одземени ингеренциите.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




