ТАЖНО: Босанец го однел својот тригодишен син во Сирија и загинал – детето сега го воспитуваат џихадисти
Објавено во: Балкан 22 Декември, 2014 21:04
На фотографијата која е направена од позиција на фронтот јасно се гледа дете од четири години, облечено во црн блузон, со пушка преку рамото и со лента на борците на Исламската држава како оди на чело на сирискиот фронт.
Карабинерите од Падова веќе со месеци истражуваат мрежа на лица кои се задолжени за регрутирање борци во Сирија во италијанскиот регион Венето.
Полицијата не може со сигурност да тврди дека детето од сликата е токму Исмаил Месинович.
Исмар, од БиХ дошол во Италија, каде работел како молер и живеел со сопругата Лидија.
Лидија не сакала да ја промени својата вера со ислам, пренесуваат италијанските медиуми.
Исмар својот син прво го одвел во Германија, каде живеат неговите родители, а потоа сите заедно требало да одат во Босна. Наместо тоа, Исмар својот син го одвел во Сирија.
Од тогаш Лидија не добила ниту една конкретна информација за животот на својот син. Од време на време добивала „sms“ пораки во кои пишувало дека Исмаил е добар.
Последната порака ја добила од Македонецот Мунифер Каламеск, кој бил пријател на Исмар и кој исто така им се придружил на борците во Сирија.
Во пораката пишувало само: „Исмаил е добар“.
Човекот кој на сликата со Исмаил стои зад него е Саид Чолич, џихадист ветеран, исто така со потекло од Босна, потврдила италијанската полиција.
И Чолич и Месинович биле во контакт со Билал Боснич.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




