Течат роковите: Џафери треба да го свика Собранието, Пендаровски да даде мандат
Објавено во: Македонија 17 Јули, 2020
Течат роковите се конституирањето на новото Собрание, потоа и за формирањето нова Влада. Според законските правила, поранешниот претседател на законодавниот дом има 20 дена од одржаните избори да ја свика конститутивната седница. Изборите се одржаа на 15 јули, што значи дека тоа треба да се случи до 4 јули годинава.
Пред овој датум има верски празник, односно Курбан Бајрам, но и 2 август - Илинден, па според најавите, Талат Џафери седницата ќе ја закаже веднаш по празниците. Откако ќе се формира Собранието, претседателот на државата Стево Пендаровски има 10 дена на му го довери мандатот на мандатарот кој успеал да обезбеди парламентарно мнозинство.
Мандатарот пак има 20 дена откако ќе го добие да состави програма и да го предложи составот на новата Влада. Таа влада треба повторно да ја изгласа Собранието на државата. Според сите пресметки значи, нова Влада би имало дури на крајот на август. Сепак тоа значи многу од денот кога Џафери ќе ја свика седницата. Тој не одговори на нашите повици, но според најавите не планира да брза, туку седницата ќе ја закаже на истекот на рокот кој го има.
Кој се влезе во новиот парламентарен состав - детали овде.
А.Т.