Добивај вести на Viber
Речиси 25 илјади граѓани до сега ја исполниле обврската и поднеле годишна даночна пријава за дополнителни приходи. Вкупно 120 граѓани ја искористиле новата можност и пријавата ја поднеле електронски.
Рокот за поднесување на даночните пријави истекува на 15 март, а од УЈП очекуваат до тогаш дополнителни приходи да пријават околу 200 илјади граѓани.
Минатата година беа поднесени вкупно 174.181 годишни даночни пријави, а за оваа година се очекуваат 200.000, вели Весна Новаковиќ, од Канцеларијата за односи со јавност и комуникација на УЈП.
Во системот за електронско поднесување на даночни пријави „Е-Даноци“, се регистрирани околу 10.600 регистрирани лица, кои ќе имаат можност електронски да ја поднесат пријавата.
Обврска да поднесе годишна даночна пријава има секое лице кое што во текот на минатата година остварило дополнителен приход. Нема обврска да поднесе годишна даночна пријава граѓанинот кој во текот на годината остварил само приход од плата, пензија, земјоделска дејност или самостојна дејност.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.