08 Јули, 2025
0.0268

„Техничка влада не може да носи одлуки за зголемување средства“: Димитриеска Кочоска за Буџетот бара и Обвинителство да реагира

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2024 13:21

Добивај вести на Viber

Министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска рече дека министерот за транспорт и врски веројатно ќе соопшти повеќе детали околу владината одлука да се укине заклучокот од техничката Влада за делницата Гостивар - Букојачани од Коридорот 8, зашто тоа, како што нагласи, е негов ресор. 

Сепак е клучно, напомена Димитриеска Кочоска, дека во период на техничка влада не може да се носат одлуки за зголемување средства.

- Клучно е дека во период на техничка влада не може да носат такви одлуки, за зголемување средства. За проект што се уште нема траса е кажано дека требало да поминува низ некој дел кој дополнително ги зголемувал трошоците, имало некаква пештера, требало да се избегне, а трасата не ја знаеме која е. Верувам дека министерот за транспорт ќе сподели подетални информации, не би сакала да завлегувам повеќе во тој дел - истакна Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за ребалансот на Буџетот.

Според неа, министерот за транспорт континуирано комуницирал со таа и со сите други компании со кои се почнати проекти за да види дали ќе има реализација или не, зашто „само се резервираат средства кои понатаму не се реализираат“.

Владата денеска соопшти дека на вчерашната седница донесе Одлука за укинување на Заклучокот на претходната техничка Влада со кој се предизвикува фискални импликации за реализација на Проектот за изведба на автопатот Коридор 8, Делница 2: Гостивар - Букојчани од дополнителни 252.699.474 евра, кои не се планирани и обезбедени во Буџетот, ниту се економски исплатливи, информираа денеска од владината прес-служба. 

Од Владата најавија и дека за овој заклучок ќе биде известено и Основното јавно обвинителство. 

Министерката на прес-конференцијата за ребалансот исто така посочи дека Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари. Таа очекува, како што напомена, за  констатираните состојби да реагира Основното јавно обвинителство.

Како што рече Димитриеска Кочоска, има многу доспеани обврски кои не се пријавувани.

- Можам да кажам дека има многу доспеани обврски и дека не се пријавувани. Понатаму надлежноста е на другите иституции. Јас ги кажувам констатираните состојби во Министерството за финансии - истакна Димитриеска Кочоска. 

Таа претходно, соопштувајќи ја владината одлука за ребалансот на Буџетот, информира дека за плати се обезбедени 4,1 милијарда денари, а за исплата на пензиите пет милијарди денари. 

Инфлацијата е предвидена на ниво од 3,5 отсто, а растот на нето платата за 13 проценти. Вкупните приходи во Буџетот се планирани на 318 милијарди 150 милиони денари што е за 8,22 милијарди зголемување, планирнао е и зголемување на даночните приходи од сопствени сметки, додека расходите се планирани на 362 милијарди 816 милиони денари што е зголемување од 19,178 милијарди денари.

Фото: Принтскрин/Јутуб

Можеби ќе ве интересира

Полицијата приведе скопјанец поради подметнување на пожар во Ѓорче Петров

Полицијата приведе скопјанец поради подметнување на пожар во Ѓорче Петров

МВР: Нормализиран e сообраќајот од и кон Блаце

МВР: Нормализиран e сообраќајот од и кон Блаце

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Маж настрада во пожарот во Ѓорче Петров, во Чучер Сандево огнот е надвор од контрола

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Маж настрада во пожарот во Ѓорче Петров, во Чучер Сандево огнот е надвор од контрола

(ВИДЕО) ЦУК: Се појави пожар кај Кучевиште, тој во Чучер Сандево е надвор од контрола

(ВИДЕО) ЦУК: Се појави пожар кај Кучевиште, тој во Чучер Сандево е надвор од контрола

(ВИДЕО) ЧУЧЕР САНДЕВО ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Градоначалникот реагира дека реакцијата е бавна и прашува каде се хермелините

(ВИДЕО) ЧУЧЕР САНДЕВО ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Градоначалникот реагира дека реакцијата е бавна и прашува каде се хермелините

РАЗМИСЛУВААТ ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА МЕШТАНИТЕ: Општината Чучер Сандево бара Владата да прогласи вонредна состојба

РАЗМИСЛУВААТ ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА МЕШТАНИТЕ: Општината Чучер Сандево бара Владата да прогласи вонредна состојба

АНГЕЛОВ: Паниката не ни помага, нема реална опасност од ширење на пожарот над Чучер

АНГЕЛОВ: Паниката не ни помага, нема реална опасност од ширење на пожарот над Чучер

ИНЦИДЕНТ ВО БИТОЛА: Осомничен пукал кон полицијата, таа возвратила, го повредила и привела

ИНЦИДЕНТ ВО БИТОЛА: Осомничен пукал кон полицијата, таа возвратила, го повредила и привела

Владата го одби амандманот на СДСМ за финансиска помош на повредените во Кочани, објаснија зошто...

Владата го одби амандманот на СДСМ за финансиска помош на повредените во Кочани, објаснија зошто...