Добивај вести на Viber
Телеком Австрија ја разгледува можноста за превземања во југоисточна Европа, вклучувајќи ги Хрватска и Cрбија, што би му овозможило да стане водечки играч во регионот, изјави извршниот директор, Ханес Аметзрајтер, пренесоа австриските медиуми.
- Мислам дека имаме шанса да станеме најголем играч во југоисточна Европа и најдобро интегриран давател на услуги во регионот - изјавил Аметзрајтер за весникот „WirtschaftsBlatt“.
Како интересни компании ги издвојува хрватскиот оператор Х1 Телеком и српскиот кабелски оператпр CББ. Помали договори би можеле да се реализираат во готовина, но поголемите можеби ќе бараат зголемување на капиталот, додава Аметзрајтер.
- Тоа прашање сега не е на дневен ред, но не е ниту исклучено - рече извршниот директор на австриски Телеком.