06 Октомври, 2024
0.0365

ТЕЛЕКОМ, УСЈЕ, АЛКАЛОИД: Највредни македонски компании според пазарните цени на берзата!

Објавено во: Економија 27 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Прометот во првите шест месеци годинава е една милијарда денари помал од реализацијата во истиот период лани – уште потешко време иде за десетте брокерски куќи. „Прилепска пиварница“ е најдобитна акција со раст на просечната цена за 39 отсто, најтргувани се „Алкалоид“ и „Комерцијална банка“ кои заедно однеле повеќе од 50 отсто од целиот промет цо класично тргување, Македонски телеком според пазарната цена е највредна компанија со 402 милиони евра пазарна капитализација. Домашните инвеститори држат 85,8 отсто од пазарот на куповната страна и 74,8 отсто од продажната страна на нашиот пазар на капитал. Акциите на „Алкалоид“ и на „Комерцијална банка“ направиле повеќе од половина од целиот промет со акции (во класично тргување)  на Македонската берза во првата половина од годинава. Гледно по месеци најголем промет инвеститорите направиле во јуни годинава кога вредноста на МБИ 10 индексот била најниска што значи дека најмногу се купувало на најниски цени. Акцијата на „Прилепска пиварница“ е најдобитната зделка се разбира за тие што ја купиле во првата половина од годинава затоа што нејзината просечна цена за овој период пораснала за фантастички 39 отсто! Највредна домашна компанија, според пазарните цени е Македонски телеком чија вредност е 402,9 милиони евра. Домашните купувачи и продавачи или популарно кажано „играчи“ ја крепат нашата берза затоа што на куповната страна тие реализирале 85,8 отсто од прометот, а на продажната страна нивното учество е 74,8 отсто од вредноста на сите продажби. Од десетте активни брокерски куќи, очекувано, главниот збор го води „Илирика инвестментс“ која направила 25 отсто од целиот промет во класично тргување со акции. Условите за работа на брокерите многу се влошиле затоа што прометот паднал за една милијарда денари, покажуваат  најважните показатели за нашиот пазар на капитал за првата половина од годинава. Кои се највредните компании кои се тргуваат на берзата? Според пазарните цени што се остварени на нашиот пазар на капитал во класично тргување највредна домашна компанија е Македонски телеком која според пазарната цена на акцијата вреди 402 милиони евра. По неа следува цементарницата Усје која вреди 191,6 милиони евра, а трет е Алкалоид со пазарна капитализација од 110 милиони евра. По него следи „Стопанска банка Скопје“ со пазарна капитализација од речиси 95 милиони евра што реално е двојно помалку од книговодствената вредност на најголемата македонска банка. „Алкалоид“ направи 28,3 отсто, а „Комерцијална банка“ 23,8 отсто од прометот Очекувано двете најликвидни и најпосакувани акции на нашиот пазар се „Алкалоид“ и „Комерцијална банка“. Првата, во класично тргување, направи промет од 180,9 милиони денари односно  28,3 отсто од целиот промет на класично тргување. Очекувано е таа акција да биде најпосакуваната затоа што е најдобрата македонска фармацевтска компанија, затоа што секоја година дели редовно дивиденда на акционерите и секоја година тој износ е повисок од износот во претходната година макар повисок за стапката на инфлација. И што е многу важно тоа е извозна компанија која во контиунитет ја зацврснува својата пазарна позиција надвор од земјата. И додатно „Алкалоид“ ќе биде посакувана акција затоа што е компанија која има многу слободни акции на пазар, многу мали акционерит и секогаш може да биде предмет на превземање или спојување со некоја поголема компанија од таа индустрија. Тоа секогаш го имаат во предвид најголем број од инвеститорите. Просечната полугодишна цена на таа акција е 5.070 денари. „Комерцијална банка“ е втора според учеството во остварениот промет во класично тргување. Нејзината просечна цена годинава е 1.908 денари, а прометот е 151,8 милиони денари. И покрај тоа што таа банка не бележи солидни финансиски резултати поголг период сепак инвеститорите веруваат во таа акција. Тоа го покажува и нивниот интерес за таа акција. На третата позиција е НЛБ Тутунска банка со промет од 48,4 милиони денари односно 7,6 отсто од целиот промет. Во значајна мерка прометот е резултат на солидната дивиденда што ја подели таа банка за ланското успешно работење. Тоа е главната причина што нејзината просечна цена за ова полугодие е 5.603 денари. Во петте најтргувани се уште „Макпетрол“ и „Гранит“. Учеството на „Макпетрол“ е 6,9 отсто со просечна цена од 19.510 денари и промет од 43,9 милиони денари. „Гранит“ овие шест месеци, за многумина неочекувано, беше позади „Макпетрол“. Оствари промет од 37,6 милиони денари (5,9 отсто) со просечна цена од 534 денари. Ако се гледаат просечните цени на сите овие компании и се споредат со актуелните цени може да се заклучи дека сега нивните пазарни цени се пониски од просечните што е индикатор дека можеби е добар момент за купување. Токму од тие причини, веројатно многу инвеститори водени од тој сигнал ги зголемиле купувањата особено во јуни. Овој месец индексот МБИ-10 (креиран од акциите на 10 компании чии акции се најтргувани) беше најнизок во споредба со сите други пет претходни месеци. Веројатно ниските цени на најликвидните акции беа индикатор за купување кај инвеститорите. Тие вложија 412 милиони денари во акции (во класично тргување) што претставува 35,6 отсто од целиот промет за ова полугодие. Најслаб прометот беше во јануари – само 7,9 отсто од целото полугодишни тргување. Воедно во јануари вредноста на МБИ-10 која е одраз на цените на акциите беше највисока во споредба со сите други месеци. Домашните купувачи ја крепат нашата берза Податоците за соодносот на странски и домашни купувачи и продавачи  покажува дека во огромна мерка нашиот пазар на капитал зависи од домашните сили. На страната на продажба во првите шест месеци домашните продавачи учествувале просечно со 74,8 отсто, а странците: правни и физички лица учествувале со 25,2отсто. Причините за падот на цените на акциите во првото полугодие годинава можеби треба да се бара и во тоа што на куповната страна доминираат домашните купувачи и тоа со 85,8 отсто од целиот промет, а странците со 14,2 отсто. Гледано по месеци домашните купувачи апсорбирале над 90 отсто од целата понуда во јануари, февруари и особено во јуни кога нивното учество е 96 отсто. Странците најактивни купувачи биле во март годинава кога успеале да достигнат 31,5 отсто од целиот промет на куповната страна. Кај продажбите просечно соодносот меѓу домашни и странци е 74,8 отсто домашни продавачи, а 25,2 отсто странски купувачи. Гледано по месеци странците на продажната страна најактивни биле во март со 56,8 отсто, а најслаби во јуни со 12,3 отсто. Домашните продавачи пак најмногу продавале во јуни со 87,7 отсто, а најнеактивни биле во март кога учествувале со 43,2 отсто. Акцијата на „Прилепска пиварница“ порасна за 39 отсто! Најсветла точка за трејдерите во првите шест месеци сигурно е акцијата на „Прилепска пиварница“ која според официјалните податоци бележи раст на просечната цена од 39 отсто, а цената достигнала 21.713 денари. Ова е реално најдобитната акција за ова полугодие затоа што нејзиниот промет изнесува 26,2 милиони денари и таа е една од десетте најтргувани акции во класично тргување и во целиот промет остварен во класично тргување учествува со 4,1 отсто. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?