16 Јануари, 2025
0.2728

Телевизиите лути, Министерството молчи, македонската музика оди во аут

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Министерството за култура итно да и ја одземе лиценцата на организацијата Македонска музичка индустрија (ММИ) и да се почне со измени на Законот за авторски и сродни права најмногу во делот на прибирање на пари од корисниците на овие услуги, побараа директорите на приватните телевизиски станици Канал 5, Сител и Алсат-М.

„Ако нашите барања не бидат остварени ние од 1 февруари до 15 февруари почнуваме со „проект 2013“, на трите национални телевизии, вклучувајќи ги и Сител 3 и 5 плус и сите локални и регионални телевизии кои се членки на Здружението на приватни медиуми, секој ден во 20.13 ќе го затемнуваме екранот и ќе даваме порака до гледачите дека единствен виновник за минимизирање на музичкото творештво во Македонија е ММИ“, рече Горан Глигоров, маркетинг директор во Сител телевизија.

Тој посочи дека ако не ги остварат нивните права, по 15 февруари ќе истакнат ценовник за емитување на аудио визуелни дела на програмите на телевизиите. Ова, истакна Глигоров, го има секаде во светот, а средствата кои ќе ги собереме наредната година ќе ги донираме во хуманитарни цели. Директорката на Алсат-М, Бисера Јордановска Анастасиевиќ се осврна на законот „Радиодифузерите се должни да обезбедат најмалку 30 проценти од емитуваната волкално инструментална музика да биде на македонски јазик или на јазикот на етничките заедници кои не се мнозинство во Република Македонија“.

„Тоа значи дека ако не емитуваме музика нема да емитуваме ниту домашна музика и никој не може да не присили на тоа“, истакна Јордановска Анастасиевиќ.

Според Иван Мирчевски, директор во Канал 5, во врска со тарифникот на ММИ, веќе е доставено писмо до Министерството за култура со предлози за измени на Законот.  

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања