29 Јуни, 2024
0.0387

Телохранителот на Мијалков отпуштен од МВР поради „Крвавиот четврток“

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Припадникот на петтата управа Ален Зекиров кој беше телохранител и на екс началнико на УБК Сашо Мијалков повеќе нема да работи за МВР. Главната причина за неговиот отказ од МВР е наводното учество во настаните на „Крвавиот четврток“ кога поголема група упадна во Собранието, а имаше и напаѓачи кои ги тепаа пратениците и новинарите, пренесува ТВ 24.

„По спроведената постапка за утврдување на дисциплинска одговорност поради кршење на работниот ред и дисциплина, на предлог на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност во Управата за безбедност и контраразузнавање, од страна на министерот за внатрешни работи е донесено решение со  кое на А.З му е откажан договорот за вработување во министерството за внатрешни работи“, велат од МВР.

МВР официјално не го наведува 27 април како причина за раскинување на договорот, но неколку снимки го докажуваат присуството на Зекиров во законодавниот дом. Кон крајот на септември минатата година тој беше на распит во полициската станица во Кисела Вода поради учество во крвавиот четврток.

Зекиров важеше  за долгогодишен верен чувар на Мијалков се до пред шест години кога доби отказ од неговиот шеф и беше прераспределен на друга работна позиција во МВР, а неговите односи со фамилијата се заладија.

Тој од 2009-та  почесто беше споменуван во медиумите поради сообраќајката во која со мотор  усмрти 73 годишен скопјанец на пешачки премин, а за тоа беше казнет со шест месеци затвор.

Неговото име се поврзуваше и со „Аналитико“, фирмата за маркетинг услуги и дистрибуција на СИМ – картички, каде се појавува како основач и сопственик. Тогаш опозициската СДСМ тврдеше дека Аналитико е партиска фирма, основана под сомнителни мотиви и дека над 100.000 евра од Телеком легнале на нејзината сметка во пресрет на парламентарните избори во 2006-та година.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

Александар Јанев избран за нов директор на Биро за јавна безбедност

Александар Јанев избран за нов директор на Биро за јавна безбедност