ТЕМНИНА ВО КОЈА ЌЕ УМРЕ ДЕМОКРАТИЈАТА: Страв од укинувањето на помошта од УСАИД
Објавено во: Финансии 01 Март, 2025 13:30
Независните медиуми во Источна Европа се загрижени дека одлуката на Американската администрација за намалување на средствата за странски програми на Агенција за меѓународен развој на САД (УСАИД) за 92 отсто ќе придонесе за демократско назадување во некои од земјите од овој дел на континентот.
Според Репортери без граници, УСАИД во 2023 година финансирала обука и поддршка за 6.200 новинари, 707 новински куќи и 279 граѓански организации, кои работат на зајакнување на независните медиуми.
Репортери без граници предупредува дека одлуката за кратење на средствата од УСАИД може да резултира со значителното влошување на медиумските слободи во многу земји каде поддршката од САД им овозможи на повеќе медиуми да работат независно од авторитарното влијание или да ги надминат економските тешкотии.
Според медиумски професионалци од источноевропските земји, наглото намалување на финансиската поддршка од САД може да и нанесе трајна штета на медиумската инфраструктура во Источна Европа.
Никита Дулнев, главен уредник на независната руска новинска куќа „Медијазона Централна Азија“ што работи од егзил, вели дека ако не се најде решение за финансирањето ќе дојде до „темнина во регионот, а демократијата умира во темнина“
- Ние сме мал тим новинари, а не прибирачи на средства. Со години имавме одредена поддршка и не се диверзифициравме многу. Затоа мораме да паузираме со нашата работа, изјави Дулнев за „Еурактив“.
Со неизвесна перспектива се соочува и киргистанската медиумска организација „Клуп“, која е регистрирана во Полска и чии вработени од безбедносни причини престојуваат во странство.
- Ако не можеме да продолжиме да им плаќаме, вработените би се соочиле со три тешки опции: враќање во Киргистан, што би било опасно по живот, да се обидат да најдат работа во Полска, која би можела да ги продолжи нивните дозволи за престој на многу краток рок или да аплицираат за статус на бегалец, што е далеку од идеално решение, изјави коосновачот на „Клуп“, Ринат Тухватшин.
Новинар на источноевропски медиум, кој побарал анонимност поради страв од правни и професионални последици, во изјава за „Еурактив“ вели дека медиумите кои примаат помош од УСАИД не добиваат „уредувачки насоки“ од Вашингтон.
- Им се даваат пари и се очекува да продолжат со објективно известување, додава тој.
Друг анонимен медиумски работник од регионот посочува дека голем дел од работата на овие медиуми е директно од корист за националната безбедност на САД, додека според претставник на невладина организација, голем дел од поединците на кои им се ускратува помошта преку УСАИД се истражувачи и новинари, кои разоткриле корупција, тајни операции и владини злоупотреби.
Според директорката на украинската невладина организација Институт за масовни информации, Оксана Романиук, со УСАИД „можеби соработувале“ над 80 отсто од медиумите во Украина.
Коосновачот на украинскиот медиум „Европската Правда“, Сергиј Судоренко вели дека многу медиуми во Украина во голема мерка се зависни од финансирањето на УСАИД и некои од нив сега морале да престанат со работа.
- Тоа има огромно влијание. Мојот медиум има среќа што случајно го избегна тоа, изјави Судоренко, додавајќи дека последната транша грант што требало да ја добијат од УСАИД била откажана непосредно пред исплатата.
Според него, одлуката на Американската администрација најмногу ги погодува медиумите кои работат на истражување и откривање на случаи на корупција. - Ситуацијата брзо се влошува, додава тој.
Стравувања за положбата на независните медиуми постои и во Србија, која изминативе години тоне на листата на Репортери без граници според индексот на медиумските слободи.
Во заедничка реакција на 15-тина српски независни медиуми упатена до претставници на ЕУ и на неколку земји членки се посочува дека „неочекуваното замрзнување на помошта од УСАИД веќе ја загрози слободата на медиумите во Србија“.
Според западен дипломат, финансиската состојба на медиумите во Србија дополнително е поткопана и поради политичката криза предизвикана од масовните протести.
- Суспендирањето на американските грантови, доаѓа како дополнување на драматичниот пад на приходите од реклами. Во последниве недели, огласувачите чекаат да видат како ќе се развива политичката ситуација пред да преземат какви било финансиски обврски, посочува дипломатот.
Директорот на неделникот „Време“, Стеван Ристиќ за „Еурактив“ изјавил дека независните медиуми во Србија се изложени на „постојан притисок“ од доаѓањето на власт на актуелниот српски претседател Александар Вучиќ пред повеќе од една деценија, бидејќи властите флагрантно продолжуваат да ги игнорираат „слободата на изразување и владеењето на правото“.
- Замрзнувањето на средствата на УСАИД е само последниот предизвик со кој се соочуваме, додава Ристиќ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





